Нови санкции против Иран
18 април 2024Новите казнени мерки на ЕУ против Иран ќе бидат насочени кон компании кои се занимаваат со производство на беспилотни летала и ракети, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел вчеравечер (17.04) во Брисел, додавајќи: „Веруваме дека е многу важно да направиме сѐ што можеме за да го изолираме Иран.“
Иран минатиот викенд испрати повеќе од 300 беспилотни летала и проектили во Израел како одговор на нападот од први април врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск, кој Техеран му го припишува на Израел. Мнозинството дронови беа пресретнати.
Средбата на 27-те шефови на држави или влади на ЕУ е прва по иранскиот напад. Тие го осудија нападот и ја повторија својата посветеност на безбедноста на Израел. Истовремено, ги повикаа сите страни да спречат понатамошни тензии - вклучително и во Либан. Израел навести дека ќе возврати на иранскиот напад, но не наведе детали.
Иран ја поддржува и радикалната палестинска организацијаХамас во Појасот Газа, против која Израел води војна повеќе од шест месеци, и милицијата Хезболах во Либан.