По две години пауза - отворен е Октоберфест
17 септември 2022Реклама
Минхенски Октоберфест е отворен напладне, со три удари во првото буре со пиво од страна на градоначалникот Дитер Рајтер. Најголемиот светски народен панаѓур, кој не се одржуваше две годинипоради пандемијата на коронавирус, сега се одвива без какви било мерки на претпазливост. Не се задолжителни ниту заштитни маски.
187-от Октоберфест ќе трае до 3. октомври, а за безбедноста се грижат околу 600 полицајци.
Пред пандемијата, на Октоберфест во просек доаѓа по околу 6 милиони посетители. Колкав број посетители ќе има годинава, со оглед на пандемијата и загриженоста на граѓаните поради високата инфлација, е прашање кое им создава најголеми грижи на организаторите. Од 2019 година цената на кригла пиво е зголемена од 12,60 евра на 13,80 евра.