1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилностГерманија

По блокадата, аеродромот во Франкфурт повторно во функција

СН/агенции
25 јули 2024

По прекинот предизвикан од климатски активисти, летовите на аеродромот во Франкфурт се обновени. Сепак, според портпаролот на аеродромот, сепак мора да се очекуваат одложувања и доцнења и до крајот на денот.

https://p.dw.com/p/4iiJ7
Припадници на германската сојузна полиција на аеродромот во Франкфурт ги отстрануваат климатските активисти кои ја прекинаа работата на аеродромот
Припадници на германската сојузна полиција на аеродромот во Франкфурт ги отстрануваат климатските активисти кои ја прекинаа работата на аеродромотФотографија: picture alliance/dpa/TNN

Авионскиот сообраќај на најголемиот германски аеродром, Франкфурт на Мајна,  повторно воспоставен по целосниот прекин утрината предизвикан од акцијата од страна на климатските активисти. Повторно се одвиваат полетувањата и слетувањата на сите четири писти на аеродромот, изјави портпаролот на аеродромот. Според германската соузна полиција, неколку демонстранти рано утрото влегле вна ареалот на аеродромот и се залепиле во безбедносната зона. Колку луѓе биле вклучени во акцијата не е соопштено. Во текот на денешниот ден планирани биле вкупно околу 1.400 летови во Франкфурт. Досега се откажани околу 140 откажани летови. Доцнење во работењето се очекува и во остатокот од денот.  До патниците беше апелиорано да не одат на аеродромот и однапред да го проверат статусот на нивните летови на веб-страниците на авиокомпаниите. Неколку авиони мораа да бидат пренасочени кон други аеродроми.

Припадниците на „Посладна генерација“ успеале да влезат во аеродромот во раните утрински часови
Припадниците на „Посладна генерација“ успеале да влезат во аеродромот во раните утрински часовиФотографија: picture alliance/dpa/TNN

Климатските активисти од групата „Последна генерација“ соопштија дека на протестот учествувале шест членови. Носејќи маски, тие ја пресекле оградата на аеродромот и стигнале до пистата „пеш, на велосипеди и на скејтборди“. Групата рече дека кампањата е насочена кон борбата против употребата на фосилни горива. „Постојаното извлекување и согорување на нафта, гас и јаглен е закана за нашето постоење“, напиша групата на платформата Х. „Последната генерација“, исто така, настојува да се оддалечи од фосилните извори на енергија до 2030 година.

Слични протести на аеродромот во Келн/Бон

Климатските активисти во средата го парализираа воздушниот сообраќај на аеродромот во Келн/Бон околу три часа. Полицијата соопшти дека е поднесена кривична пријава за прекршување на Законот за собир и опасно попречување на воздушниот сообраќај.

Во средата слични акции имаше и на аеродромите во други европски земји, вклучувајќи ги Лондон и Осло. Слични инциденти се пријавени во Шпанија и во Финска.