Безбедносните мерки во Германија се веќе високи
25 март 2024Безбедносните мерки во Германија се „веќе високи“, изјави портпарол на Министерството за внатрешни работи во Берлин. Концептите за заштита, како на пример за Европското фудбалско првенство налето, постојано се развиваат од страна на надлежните власти.
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД) смета дека од страна на „Исламска држава провинција Хорасан“ произлегува „најголема исламистичка закана за Германија“, рече портпаролот на германското МВР. Безбедносните власти долго време се „многу будни“ и „добро подготвени“ за ова прашање. Тоа, според портпаролот, го покажале и неколкуте апсења во оваа област во последните месеци.
Портпаролот на германското МВР укажа на тоа дека во Германија не постојат степени на предупредување од тероризам како што е тоа случај, на пример, во Франција. Владата во Париз по нападот во Москва прогласи највисок степен на тревога.
Во нападот во концертна сала во Москва во петокот (22.03) беа убиени најмалку 137 лица. Одговорноста ја презеде авганистанскиот огранок на терористичката милиција Исламска држава - Исламска држава провинција Хорасан.