1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Газа: Израел пронашол команден центар на Хамас под болница

СН/агенции
14 ноември 2023

Израелската армија соопшти дека открила оружје и воена опрема на Хамас под клиника во Појасот Газа- и објави видео снимка од тоа. Портпарол на војската, уште објави дека под болницата веројатно биле држени заложници.

https://p.dw.com/p/4YlpC
Милитантите на Хамас се кријат во болници во Газа, тврди израелската војска
Милитантите на Хамас се кријат во болници во Газа, тврди израелската војскаФотографија: Maxar Technologies/Handout/REUTERS

Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, синоќа (13 ноември, 2023) изјави дека елитна единица од поморски командоси и оклопна бригада упаднале во детската болница Ал-Рантиси во градот Газа, каде што се криеле оперативци на Хамас.

„Под болницата, во подрумот, го најдовме командниот и контролниот центар на Хамас, самоубиствени елеци, гранати, автоматски пушки АК-47, експлозивни направи, ракетни гранати (РПГ) и друго оружје“, рече Хагари на пресконференција.

Тој, исто така, рече дека „се најдени знаци кои укажуваат на тоа дека Хамас таму држел заложници“, но дека сè уште се истражува и оти военото разузнавање треба да го потврди тоа.

„Покрај тоа, најдовме докази дека терористите на Хамас се вратиле од масакрот на 7 октомври во таа болница, меѓу другите, откако колеа Израелци во нивните домови. Хамас се крие во болниците. Ние ќе му го покажеме на светот тоа“, најави портпаролот на војската на Израел.

Болницата Ал-Рантиси во градот Газа на 20 септември 2023 година
Болницата Ал-Рантиси во градот Газа на 20 септември 2023 годинаФотографија: Mahmoud Ajjour/Quds Net News via ZUMA Press/picture alliance

Хагари додаде дека израелската војска настојувала да обезбеди безбедна евакуација на пациентите во текот на изминатата недела од таа и од други болници во Газа и дека најмалку 18 пациенти од Ал-Рантиси се евакуирани.

„Ова е затоа што нашата војна е против Хамас, а не против народот на Газа. Особено не против болните жени и деца“, рече Хагари.

Калил ал Хаџа, водач на терористичката милиција Хамас, изјави за телевизијата Ал Џезира дека тоа се лажни обвинувања од Израел. Информациите не можат да бидат независно проверени.

Повеќе од две третини од 2,3 милиони жители на Газа ги напуштија своите домови од почетокот на војната.

Според податоците на локалното министерство за здравство, раководено од Хамас, досега во израелските напади загинале над 12.000 луѓе, меѓу кои две третини се жени и малолетници.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи