Поплавите во Романија зедоа неколку жртви
14 септември 2024По обилните врнежи од дожд, во источна Романија дојде до поплави, најмалку четири лица загинале во окрузите Галати и Васлуи, соопшти агенцијата за помош при катастрофи. Петтото лице кое исто така било пронајдено мртво во областа починало два дена претходно и неговата смрт немала никаква врска со временските услови, велат тие.
Жртвите биле главно постари лица, меѓу кои и две жени на возраст од 96 и 86 години. Евакуирани се уште 90 лица, напиша порталот за вести „digi24.ro“.
Десетици луѓе морале да бидат спасени од поплавените куќи во областа со брод или со воздушен пат. Невремето претходно откорнало дрвја и ги направило патиштата непроодни.
Водните маси достигнаа висина до 1,7 метри во погодените градови, јавуваат медиумите. Луѓето се качуваа на покривите за да не бидат однесени од поплавите. 200 пожарникари се на должност, а армиски хеликоптер тргна кон зоната на катастрофата.
Десетици луѓе морале да бидат спасени од поплавените куќи во областа со брод или со воздушен пат. Невремето претходно откорнало дрвја и ги направило патиштата непроодни.
Водните маси достигнале висина до 1,7 метри во погодените градови, јавуваат медиумите. Луѓето се качувале на покривите за да не бидат однесени од поплавите. 200 пожарникари се на должност, а армиски хеликоптер тргнал кон зоната на катастрофата.
Спасувачките екипи претпоставуваат дека многу постари луѓе, на кои слободата на движење им е ограничена, сè уште се заглавени во своите домови во поплавените области.
Премиерот Марсел Чолаку денеска ги откажа плановите за да добие претстава за ситуацијата во Галати.
Силниот дожд предизвика и поплавени улици и подруми во други делови на Романија.