Пресврт во полската политика: Германија не е непријател
26 април 2024Полската левичарска влада под либералниот премиер Доналд Туск започна со промени во надворешната политика веднаш штом ја презеде власта во декември.
Како приорирети се наведуваат ресетирањето на односите со ЕУ , оживувањето на „Вајмарскиот триаголник“, кој сè уште ги вклучува Германија и Франција, и подобрувањето на замрзнатите односи со Берлин.
Во четвртокот (25 април), полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, официјално им ја претстави новата надворешна политика на членовите на Сејмот. Тоа е радикален прекин со политиката на претходната конзервативна влада на Јарослав Качински.
Германија како негативец
Во изминатите осум години имавме низа погрешни идеолошки принципи, лоши идеи и погрешни одлуки“, рече Сикорски.
Тој ја критикуваше „надежта“ на претходните власти да склопат „сојуз против ЕУ“ со САД, нивниот „идеолошки сојуз со пропутиновите популисти“ и фрлањето дрвја и камења кон „гнилиот Запад“.
Сикорски рече дека на „митовите“ што ги држи популистичката партија Право и Правда им треба негативец и за таа улога е избрана Германија.
„Германија е наш демократски сосед, најважен трговски партнер , важен европски играч и клучен сојузник во НАТО“, наброја шефот на дипломатијата.
Сепак, Сикорски потсети и на една хронична тема меѓу Варшава и Берлин - репарации за полските жртви на националсоцијализмот . Тој го избегна терминот „репарации“, зборувајќи за „компензација“ и потребата Германија да покаже „емпатија“. „Очекуваме предлози од Берлин“, рече тој.
Сикорски спомна некои идеи, од поддршка на жртвите на нацизмот кои се уште се живи, до обнова на полски споменици, инвестирање во полската безбедност и учење на полскиот јазик и историја.
Претходните власти ја процениле воената штета на Полска на 1,3 трилиони евра и во 2022 година побарале од Берлин да започне разговори за обесштетување.
Врел компир: реформи во ЕУ
Сикорски не побегна од чувствителната тема зареформа на договорот за ЕУ. Станува збор за идејата поголемите членки на ЕУ да го укинат принципот на консензус при носење одлуки, за поединечни членки на ЕУ практично да немаат право на вето.
Ова право на вето често го користешепретходната полска влада, како и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Сикорски сега се изјасни за „реална“ реформа на ЕУ, но не е сигурен дека е неопходно да се сменат договорите. Како што рече, Варшава се залага одлуките за воведување санкции да се носат со мнозинство гласови за да се избегнат блокади, какви што сега ги создава Унгарија.
Кога станува збор за прием на нови членки во ЕУ, Сикорски вели дека одлуките мора да се носат едногласно.
Тој ја повика опозицијата да не ги нарекува „предавници“ застапниците на реформите во ЕУ, бидејќи Качински, денешниот лидер на опозицијата, постојано ја критикуваше идејата за укинување на принципот на консензус во ЕУ како обид за ликвидација на полската држава.
Дуда е лут
Полскиот претседател Анджеј Дуда, близок до Правото и правдата, беше лут поради говорот на шефот на дипломатијата. Дуда, кој го следеше говорот од собраниската ложа, рече дека Сикорски извршил фронтален напад врз претходната власт.
„Тој напад е целосно неоснован и содржи многу лаги, манипулации и невистини, кои ја делат Полска и предизвикуваат непотребен конфликт“, рече Дуда.
Тој потсети на претходниот мандат на Сикорски како шеф на дипломатијата, обвинувајќи го дека ја охрабрувал Германија да преземе водечка улога во Европа, додека Берлин и Москва заеднички го отвораат Северниот тек.
Ова веројатно се однесува на изјавата на Сикорски во Берлин во 2011 година: „Помалку се плашам од германската моќ отколку од германската инертност“.
Полските конзервативни националисти долго време ја гледаа Германија како најголема опасност. Качински отворено го нарекува новиот премиер Туск „германски агент“.
Одлична можност за подобрување на односите меѓу Варшава и Берлин се нуди во јули, кога ќе се одржат меѓувладини консултации. Последниот таков состанок се одржа во 2018 година, иако всушност се планирани годишни состаноци.