САД: Се заканува ли борба за превласт како во 1856 година?
6 јануари 2023Станува сѐ почудно, сѐ поочајно: немаше девет гласања, како пред 100 години во 1923 година. Немаше ниту десет гласања, туку единаесет. И ќе има уште, бидејќи и единаесеттиот обид да се избере републиканецот Кевин Мекарти за претседател на Претставничкиот дом пропадна.
Во меѓувреме, како споредба сега се користи 1856 година. Тогаш на Претставничкиот дом му беа потребни 133 гласања и изборот на спикер траеше два месеци. Тоа е рекордот.
Меккарти е сè уште подготвен да преговара
Во секој случај, Меккарти сè уште преговара со околу 20 неистомисленици во неговата партија за места во конгресни комисии, за помали државни трошоци и за можностите за полесен процес за гласање на недоверба на спикерот во иднина. „Мислам дека имаме добри дискусии и сите сакаат да најдат решение“, вели 57-годишникот, на чие лице се гледа оти се бори да одржи пријателска фасада. Тој и натаму има голем број поддржувачи кои велат: Меккарти е единствениот, кој може да ги држи заедно различните крила во партијата.
„Без разлика дали е прво, петто или стотто гласање, јас го поддржувам Кевин Мекарти“, вели републиканскиот конгресмен Мајк Лолер. Една од необичностите на третиот ден од гласањето беше тоа што Мет Гец, веројатно најдесничарски неистомисленик во партијата, го номинираше поранешниот претседател Доналд Трамп за спикер. Тоа е можно, бидејќи според прравилата, спикерот не мора да биде член на Претставничкиот дом. Гец остана единствениот пратеник кој гласаше за Трамп.
Малку разбирање кај населението
Населението на Вашингтон со неверување гледа кон блокадата во Претставничкиот дом. „Никогаш не сум доживеал вакво нешто. Никој не знае како да го опише сето тоа“, вели случаен минувач. „Тоа е неверојатно обесхрабрувачки да се гледа“, вели една жена. „Но, тоа не ме изненадува. Сметам дека републиканците навистина не знаат кои се тие како партија во моментов. Тешко е да се каже за што се залагаат.“ Малкумина од прашаните граѓани на Вашингтон покажуваат разбирање.
На прашањето дали изборниот ќорсокак во парламентот ѝ штети на демократијата, случаен минувач вели: „Не, мала група има право да размислува поинаку од мнозинството во партијата. Сметам дека тоа е демократија. Тие гласаат. И еден кандидат нема доволно гласови за победа. Мислам дека нема ништо подемократско од тоа“. Две млади девојки велат: „Овае добар пример за тоа како се чувствува нашата земја во моментов: многу поделена“. Случувањата во Претставничкиот дом се интересни. „Но, некако е тажно да се гледа овој спектакл. Но, има поважни работи, кои треба да ги прават конгресмените“.
Дали решение е компромисен кандидат?
Претставничкиот дом повторно ќе се состане денеска во 12 часот по локално време. Во меѓувреме некои демократи предлагаат да се бара умерен републиканец како натпартиски компромисен кандидат. „Отворен сум да размислам за еден од републиканците доколку направат одредени важни отстапки“, изјави демократот Ро Кана за Си-Ен-Ен. Но, ова се сепак поединечни гласови, повеќето демократи остануваат на мислењето дека републиканците треба сами да си го решат проблемот со изборот на спикерот на Претставничкиот дом. Вечерта, тој на новинарите во Конгресот им рече дека ќе продолжи да се бори на неодредено време: „Сакам да пишувам историја“.
Меккарти очигледно полага надежи во прекин на седницата за време на викендот за да купи време и дури во наредната недела да продолжи гласањето. Вечерта, тој на новинарите во Конгресот им рече дека ќе продолжи да се бори на неодредено време: „Сакам да пишувам историја“, изјави Меккарти.