1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилностГерманија

Железнички хаос во северна Германија поради саботажа

СН/агенции
8 октомври 2022

Според Германската железница исечени биле важни кабли. Ова предизвика повеќечасовен застој и откажување на возовите во сојузните покраини Бремен, Хамбург, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн.

https://p.dw.com/p/4Hvsg
Принудна пауза за овие возови и нивните патници на главната железничка станица во Хамбург
Принудна пауза за овие возови и нивните патници на главната железничка станица во ХамбургФотографија: Bodo Marks/dpa/picture alliance

Причината за денешните повеќечасовни проблеми во железничкиот сообраќај во северна Германија е саботажа на каблите за комуникација, соопшти Германската железница- Дојче Бан (ДБ).

„Поради саботажа на каблите кои се неопходни за железничкиот сообраќај, комплетниот сообраќај на северот на Германија мораше да биде запрен три часа“, изјави портпаролка на ДБ. Таа нагласи оти надлежните безбедносни служби започнале истрага за случајот.

Прекинот на железничкиот сообраќај предизвика тревога откако НАТО и ЕУ во минатиот месец ја нагласија потребата за заштита на клучната инфраструктура, по „саботажата“ на гасоводот Северен тек.

На најавната табла на главната железница во Хамбург во утринските часови имаше јасна порака: Возови не сообраќаат во голем дел од северна Германија
На најавната табла на главната железница во Хамбург во утринските часови имаше јасна порака: Возови не сообраќаат во голем дел од северна ГерманијаФотографија: Bodo Marks/dpa/picture alliance

Утрината Дојче Бан соопшти дека причина за запирање на железничкиот сообраќај, со што беа погодени и главните линии меѓу Берлин, Хамбург и Келн, е грешка во системот за комуникација меѓу машиновозачите и сообраќајните диспечери.

Претпладнето сообраќајот беше повторно воспоставен, но доцнењето и „испаѓањето“ на возовите би можело да продолжи и во текот на денот.

Воспоставен е сообраќајот на возовите кон Данска и кон Холандија кои поради немање комуникација беше запрен.