1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиНигер

Што е ЕКОВАС?

Филип Санднер
14 август 2023

Западноафриканската економска унија повторно воведе санкции по еден пуч, овојпат во Нигер. Но, алијансата во минатото не секогаш можеше вистински да демонстрира сила.

https://p.dw.com/p/4V8cW
Се чини дека на 15-те земји-членки на ЕКОВАС им недостигаше единство и време за подготовка за да ја спроведат заканата кон пучистите.
Се чини дека на 15-те земји-членки на ЕКОВАС им недостигаше единство и време за подготовка за да ја спроведат заканата кон пучистите.Фотографија: Pius Utomi Ekpei/AFP/Getty Images

Воената хунта во Нигер најави нов владин состав во земјата. Пучистите кои ја преземаа власта на крајот на јули, на државната телевизија читаа листа со 21 лице кои ќе станат министри. Истовремено Западноафриканската економска унија ЕКОВАС се занимава со прашањето како да се наметне враќање на уставниот поредок во Нигер.

Но, кои опции воопшто ги има алијансата откако за само неколку години четири држави од континетот паднаа во рацете на пучисти?

Важен економски сојуз

ЕКОВАС со 15 членки припаѓа во најголемите регионални економски сојузи во Африка. Околу 400 милиони луѓе живеат во соодветните земји на нешто повеќе од пет милиони квадратни километри. Економската заедница на држави од Западна Африка- ЕКОВАС е формирана во Нигерија во 1975 со потпишување на договорот во Лагос. Денес е во важност преработената верзија од Бенин.

Сојузот ги опфаќа поранешните француски колонии, две поранешни португалски и по некоја англофонска држава, меѓу кои и водечката економија во Африка, Нигерија.

ЕКОВАС на својата интернет страница пишува за регион „без граници” кој на населението му нуди „пристап до богатите ресурси” и живот во „достоинство, мир и безбедност”.

Главното седиште на ЕКОВАС во главниот град на Нигерија, Абуџа
Главното седиште на ЕКОВАС во главниот град на Нигерија, АбуџаФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Посебно место зазема заедничкиот економски простор - осумте франкофонски држави со „франк ЦФА” имаат заедничка валута која се врзува на поранешниот француски франк и на еврото. Со години се зборува и за воведување заедничка валута за сите членки, но тоа до сега не е реализирано.

Обезбедување на мирот во Западна Африка, немоќ контра теророт

Во договорот се предвидени и ангажмани за обезбедување на мирот. Во 90-тите години ЕКОВАС испратија сили за ставање крај на граѓанските војни во Либерија и Сиера Леоне.

И на Брегот на слоновата коска, во Гвинеја Бисау и Мали имаше интервенции на ЕКОВАС. Кога дотогашниот претседател на Гамбија, Јахја Џаме одбиваше да ја предаде власта на демократски избраниот наследник Адама Бароу, сојузот испрати војници.

Во последната деценија исламистичкиот терор е најголемиот предизвик во регионот. Бројни операции и со меѓународно учество не можеа да го решат проблемот. Населението во сиромашните Мали, Буркина Фасо и Нигер се дезилузионирани и меѓу 2020 и 2023 година повеќе пати војската дојде на власт.

Во 2022 година ЕКОВАС се договорија долгорочно да формираат заедничка војска. Но, помали воени сојузи не покажуваат голем успех и експерти предупредуваат дека силата зависи од финансиите. „Работата не е само да формираш таква војска”, вели Абдулаје Сунаје од Центарот за модерниот ориент во Лајбниц и додава дека поважно е „да биде ефикасна и тоа како дејствува, дали влегува во судири и како се фунансира“. Моделот на доброволно финансирање од земјите членки не се докажал во праксата.

Во првите часови од пучот во Нигер беше уништено седиштето на владејачката партија ПНДС во главниот град Ниамеј
Во првите часови од пучот во Нигер беше уништено седиштето на владејачката партија ПНДС во главниот град НиамејФотографија: Abdoulkarim Mahamadou/DW

Кои средства за притисок ù стојат на располагање?

Како економски сојуз, ЕКОВАС има различни можности за санкции кога е во прашање пуч како што се случи во Нигер и претходно во Буркина Фасо, Мали и Гвинеја.

Тие може да ја ограничат слободата на движење, со тоа што ќе ги затвпри границите и ќе ги укине летовите. Во некои делови може и да блокира сметки и трансакции. Најостро средство е суспендирањето на членки.

Социологот Баунти Дијало од нигерискиот главен град вели дека санкциите во Мали и Буркина Фасо не постигнале ефект и дека и покрај економскиот притисок за владата и населението не е постигнато менување на свеста.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи