1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Путин бара од армијата да ги истера Украинците од Русија

ДТЗ
12 август 2024

Руските сили сè уште се обидуваат да одговорат на ненадејниот украински напад во Курск по речиси една недела жестоки борби, но Путин инсистираше на тоа дека московската војска ќе победи.

https://p.dw.com/p/4jOK9
Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир Путин на средба со воениот врвФотографија: Gavriil Grigorov/Pool Sputnik Kremlin/AP Photo//picture alliance

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во понеделникот дека упадот на украинската армија во регионот Курск, кој предизвика бегство на повеќе од 100.000 цивили и го стави во небрано Кремљ, е обид на Киев да ја запре офанзивата на Москва во регионот Донбас во источна Украина и да добие потпора во можни мировни разговори во иднина.

Руските сили сè уште се обидуваат да одговорат на ненадејниот украински напад по речиси една недела жестоки борби, но Путин инсистираше на тоа дека неговата војска ќе победи.

Подобра преговарачка позиција  

Говорејќи на состанокот со највисоките безбедносни и одбранбени претставници, Путин рече дека нападот што започна на 6 август се чини дека го одразува обидот на Киев да добие подобра преговарачка позиција во можните идни разговори за окончување на војната.

Тој тврди дека Украина можеби се надевала дека ќе предизвика јавен немир во Русија со нападот, додавајќи дека не успеала да ја постигне таа цел и тврди дека бројот на доброволци да се приклучат на руската војска се зголемил поради нападот. 
Тој рече дека руската војска продолжува со својата офанзива во источна Украина без оглед на се.

„Очигледно е дека непријателот ќе продолжи да се обидува да ја дестабилизира ситуација во граничната зона за да се обиде да ја дестабилизира домашната политичката ситуација во нашата земја“, рече Путин. Главна задача на Русија е „да го истисне, истера непријателот од нашите територии и заедно со граничната служба, да се обезбеди сигурно покривање на
државната граница“, рече тој. 

Евакуација на 180.000 лица 

Вршителот на должноста гувернер на Курск, Алексеј Смирнов му пријавил на Путин дека украинските сили навлегле 12 километри во регионот Курск преку фронтот од 40 километри и моментално контролираат 28 руски населби.

Смирнов рече дека 12 цивили се убиени, а 121 други, меѓу кои и 10 деца се ранети во операцијата. Околу 121.000 луѓе се евакуирани или сами ги напуштиле областите погодени од борбите, рече тој. Вкупно е планирана евакуација на 180.000 лица.

Украинската операција се одвива под строга тајност, а нејзините цели - особено дали силите на Киев имаат за цел да задржат територија или спроведуваат тактика „удри и бегај“ - останува нејасно. Зачудувачкиот маневар што ги затекна силите на Кремљ е противен на постојаните напори на Русија во последниве месеци да ја пробие украинската одбрана на определени точки долж линијата на фронтот во источна Украина. 

Најголем напад 

Русија забележала претходни упади на нејзина територија за време на речиси две ипол годишната војна, но нападот во регионот Курск го одбележа најголемиот напад на нејзино тло од Втората светска војна наваму, што претставува пресвртница во непријателствата. Тоа е исто така прв пат украинската армија да го предводи упадот, а не проукраинските руски борци.

Напредокот им зададе удар на напорите на Путин да се преправа дека животот во Русија во голема мера останал непроменет од војната. Државната пропаганда се обиде да го минимизира нападот, нагласувајќи ги напорите на властите да им помогнат на жителите на регионот и бидувајќи се да го одвлече вниманието од неуспехот на војската да се подготви за нападот и веднаш да го спречи. 

Жителите на Курск снимија видеа во кои се жалат дека морале да ја напуштат граничната област, оставајќи ги зад себе своите работи и молејќи го Путин за помош. Но, руските медиуми под контрола на државата го контролираат секое изразување на незадоволство.

Пензионираниот генерал Андреј Гурулев, член на долниот дом на Рускиот парламент ја критикуваше војската дека не успеала правилно да ја заштити границата.

„За жал, силите што ја штитат границата немаа сопствени разузнавачки ресурси“, рече тој на неговиот канал на апликацијата за размена на пораки. „Никој не сака да ја види вистината во извештаите, сите само сакаат да слушант дека се е добро“. 
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема