1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Путин нареди делумна мобилизација

ЕМФ | агенции
21 септември 2022

Рускиот претседател го поддржува предлогот на Министерството за одбрана да се мобилизираат резервисти кои веќе служеле воен рок и имаат „релевантно искуство“.

https://p.dw.com/p/4H8Uh
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до нацијата и најави делумна мобилизација
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до нацијата и најави делумна мобилизацијаФотографија: Russian Presidential Press Service/AP Photo/picture alliance

Рускиот претседател Владимир Путин најави „делумна мобилизација“ на резервистите. Тој го поддржува предлогот на Министерството за одбрана да се мобилизираат резервисти кои веќе служеле воен рок и имаат „релевантно искуство“, рече Путин денеска (21.09) во снимен телевизиски говор и додаде дека соодветниот декрет е веќе потпишан.

Според министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, треба да се мобилизираат 300.000 резервисти. Во Русија, како што се наведува, има околу 25 милиони резервисти.

Со најавата за делумна мобилизација рускиот претседател Путин го отвора патот за натамошна ескалација на конфликтот во Украина. Во своето обраќање до нацијата, тој го обвини Западот дека сака да ја „уништи“ Русија. Русија ќе ги искористи сите „расположливи средства“ за да ја заштити својата територија, рече тој.

- повеќе: Шолц остро го нападна Путин на Генералното собрание на ОН

Украина: Руската делумна мобилизација беше очекувана

Најавата за делумна мобилизација на резервистите покажува дека војната за Русија не оди според планот, оцени советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак. Тој вели дека ваквиот чекор бил очекуван.

- повеќе: Зеленски реагира опуштено на најавата за референдуми за припојување кон Русија

Останатите изјави на Путин, според Подољак, се реторички, а целта им е Западот да биде обвинет за влошената економска состојба во Русија.