1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Путин: „Вагнер“ практично не постои

СН/агенции
14 јули 2023

Рускиот претседател потврди дека во Кремљ се сретнал со припадници на приватната војска „Вагнер“, неколку дена по нивниот вооружен бунт. Путин, притоа, им понудил да продолжат да се борат во Украина. Но тоа било одбиено.

https://p.dw.com/p/4TsOi
Рускиот претседател Владимир Путин на 29 јуни 2023 имал средба во Кремљ со 35 команданти на „Вагнер“ и со шефот на паравоената група Евгениј Пригожин
Рускиот претседател Владимир Путин на 29 јуни 2023 имал средба во Кремљ со 35 команданти на „Вагнер“ и со шефот на паравоената група Евгениј ПригожинФотографија: Gavriil Grigorov, Sputnik, Kremlin Pool Photo/AP/piucture alliance

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот (13 јули, 2023) за првпат зборуваше за она што било разговарано на состанокот во Кремљ на кој присуствуваа 35 команданти на паравоената група „Вагнер“, вклучувајќи го и шефот на групата, Евгениј Пригожин.

Средбата се одржа на 29 јуни, само неколку дена откако борците на „Вагнер“ започнаа краткотраен вооружен бунт. „Од една страна, на средбата дадов оценка за тоа што направија на бојното поле (во Украина), а од друга страна, што направија за време на настаните од 24 јуни. Трето, им покажав можни опции за нивна натамошна служба, вклучувајќи го и користењето на нивното борбено искуство. “, рече Путин. Според рускиот претседател многумина од присутните команданти сигнализирале согласност за неговата понуда да продолжат со воена служба во Украина, но не и Пригожин. 

Евгениј Пригожин ја отфрлил понудата на Путин, војниците на „Вагнер“ да продолжат да се борат во Украина
Евгениј Пригожин ја отфрлил понудата на Путин, војниците на „Вагнер“ да продолжат да се борат во УкраинаФотографија: Uncredited/Alexei Druzhinin/dpa/Pool Sputnik Kremlin/AP/picture alliance

Путин, кој беше интервјуиран од рускиот весник Комерсант, беше прашан дали „Вагнер“ ќе биде задржан како борбена единица. „Немаме закон за приватни воени организации! Едноставно не постои! Не постои таков правен субјект. Групата постои, но легално не постои!“, рече Путин.

Путин во интервјуто повтори дека ова е посебно прашање кое се однесува на реалната легализација. „Но, тоа е прашање за кое треба да се разговара во Државната Дума, во Владата. Тоа не е лесно прашање“, објасни рускиот претседател.

Во меѓувреме американското министерство за одбрана соопшти дека припадниците на „Вагнер“ повеќе не учествуваат во големи размери во борбените операции во Украина. 

„Во овој момент, не гледаме дека силите на ’Вагнер’ учествуваат во големи размери во борбените операции во Украина“, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.

Меѓутоа, две недели по неуспешниот бунт на групата во Русија, американските власти веруваат дека повеќето од членовите на „Вагнер“ сѐ уште се во областите во Украина окупирани од Русија.

Припадници на „Вагнер“ во градот Ростов на Дон за време на вооружениот бунт на 24 јуни 2023 година
Припадници на „Вагнер“ во градот Ростов на Дон за време на вооружениот бунт на 24 јуни 2023 годинаФотографија: REUTERS

Паравоена група која одигра клучна улога во руската инвазија на Украина се обиде да го собори руското воено раководство со брз државен удар кон крајот на јуни. Бунтот заврши вечерта на 24 јуни, со договор кој предвидуваше заминување на Пригожин во Белорусија.

На неговите борци рускиот претседател Владимир Путин им понуди да се приклучат на редовните вооружени сили, да заминат во Белорусија или да се вратат во цивилниот живот.

Руската војска неодамна соопшти дека о групата „Вагнер“ и предала повеќе од 2.000 парчиња воена опрема, 2.500 тони муниција и 20.000 лесно оружје.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи