1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Германија: Уапсени осомничени поддржувачи на Исламска држава

СН/агенции
31 мај 2023

Поради основано сомнение дека собирале донации за терористичката организација Исламска држава, по налог на Сојузното обвинителство во Германија, уапсени се седум лица. Големата рација била спроведена во неколку покраини.

https://p.dw.com/p/4S0Ab
Над 1000 припадници на службите за борба против криминалот учествувале во големата рација, јавуваат германските медиуми
Над 1000 припадници на службите за борба против криминалот учествувале во големата рација, јавуваат германските медиумиФотографија: Marius Bulling/Ostalb Network/picture alliance

Терористичката милиција Исламска држава (ИД) сѐ уште војува, меѓу другото, и во Сирија. За ова се собираат пари и во Германија. Германските правосудни органи сега се чини успеаја да им зададат удар на помагачите на ИД шурум земјата.

Седум осомничени поддржувачи на џихадистичката милиција Исламска држава се уапсени во неколку сојузни покраини. Како што соопшти Сојузниот обвинителство во Карлсруе, претреси имало и во 19 имоти во Берлин, Баварија, Бремен, Баден-Виртемберг, Хамбург, Хесен, Рајнска област-Пфалц, Тирингија, Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија и во Холандија.

Syrien Irak Islamischer Staat (IS)
Терористичката организација Исламска држава и натаму е активна во Сирија (архивска фотографија)Фотографија: Dabiq/Planet Pix via ZUMA Wire/ZUMAPRESS/picture alliance

Во големата рација против осомничената мрежа на финансиери на Исламска држава беа вклучени повеќе од 1.000 припадници на Сојузната и на засегнатите покраински служби за борба против криминалот и на полицијата.

Терористички активности финансирани од донации?

Според информациите од обвинителството, четири од апсењата биле извршени во покраината Северна Рајна-Вестфалија, а по едно во Баден-Виртемберг, Рајнланд-Пфалц и во Бремен. Највисокото обвинителство во земјата ги товари уапсените - главно германски државјани - за поддршка на терористичка организација.

Според информациите на новинската агенција ДПА, причина за рацијата е основаното сомнение за собирање средства за осомничени поддржувачи на терористичката милиција ИД. Четирите жени и тројцата уапсени мажи се товарат дека преку донации ги поддржувале терористички активности на Исламска држава.