1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рецепт за изработка на „стара“ хартија

Арбнора Мемети | Емилија Петреска
19 август 2024

Во Македонија, во манастирот „Св. Наум Охридски“, уште пред многу векови се изработувала хартија. Како се правело тоа може да се слушне и види и денес, во работилницата на Љупчо Паневски, во стариот дел на Охрид. Од Музејот на хартијата можете да купите и примерок направен пред вас. Целиот процес на правење хартија на стар начин вклучува неколку чекори. Паневски ги раскажа пред камерата на ДВ.

https://p.dw.com/p/4jQ1x

Музејот на хартијата во Охрид постои од 2001 година. Тука хартијата се изработува на стар кинески начин. 

Музеј на хартијата во Охрид
Музеј на хартијата во ОхридФотографија: DW

„Потполно природна постапка. Не се користат хемикалии, лепила, смоли… Како во индустријата. А, се користат оние поцврсти, појаки видови на дрво како даб, орев, цреша, костен, дудинка.  Начинот на изработка е од срцето на дрвото, со делкање. Се делка срцето на дрвото со специјални ножеви на многу ситни честички кои се како влакненце од косата.

Ниту една хартија која овде ја правиме, прво не може да се повтори истата нијанса на бојата. Второ, никогаш не е со иста дебелина. Никогаш не е со иста форма, иако со исто сито се прави. Секогаш има одредена разлика“, објаснува Љупчо Паневски од Музеј на хартијата.

Љупчо Паневски, Музеј на хартијата
Љупчо Паневски, Музеј на хартијатаФотографија: DW


Во Македонија оваа техника се применува од средината на 16 век. 

Повеќе во видеото!