Кога имате вишок храна, немојте да ја фрлате, туку „ретвитнете“ ја, односно дајте ја на оние кои немаат - тоа е основната идеја на волонтерите од „Ретвитни оброк“. Иницијативата која почна на Твитер е стара неколку години. Засега оброци за социјално загрозени лица се делат само во Скопје, но „Ретвитни оброк“ има план да се прошири. #dw_BalkanBooster