1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија се заканува со напад врз сателити

СН/агенции
27 октомври 2022

Комерцијалните сателити нод САД и од нивните сојузници би можеле да станат легитимни цели за Русија ако се користат во војната во Украина, порача висок претставник на властите во Москва.

https://p.dw.com/p/4IkaG
Старлинк сателит во орбитата. Дали наскоро би можел да стане цел на руски напад?
Старлинк сателит во орбитата. Дали наскоро би можел да стане цел на руски напад?Фотографија: La Nacion/ZUMA Press/picture alliance

„Квази-цивилната инфраструктура би можела да биде легитимна цел за возвратен удар“, порача Константин Воронцов, заменик директор на оделот за неширење на оружјете и контрола на вооружувањето во Министерството за внатрешни работи.

„Зборуваме за тоа САД и нивните сојузници да вклучат компоненти на цивилна вселенска инфраструктура, вклучувајќи и комерцијална, во вооружени конфликти“, рече Воронцов во Обединетите нации.

Тој не спомена ниту една конкретна сателитска компанија, иако Илон Маск претходно месецов рече оти неговата ракетна компанија „Спејс екс“ ќе продолжи да ја финансира својата интернет услуга Старлинк за Украина, наведувајќи оти се потребни за „добри дела“.

Минатата година Москва лансираше противсателитска ракета да уништи еден од своите сателити, со што ја демонстрираше својата офанзивна вселенска способност.

Воронцов во ОН рече дека САД и нивните сојузници се обидуваат да го искористат просторот за спроведување западна доминација.

Во руската инвазија врз Украина досега загинаа десетици илјади луѓе, поткопано е глобалното економско закрепнување по Ковид-19, додека Москва влезе во најопасна конфронтација со Западот од Кубанската криза во 1962 година.