1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Руска бомба погоди руски град

ЖА / агенции
21 април 2023

Руски борбен авион по грешка го бомбардирал рускиот град Белгород во близина на границата со Украина. Две жени се повредени а неколку станбени објекти се оштетени.

https://p.dw.com/p/4QNnH
Експлозија во Белгород
Експлозија во БелгородФотографија: Pavel Kolyadin/TASS/dpa/picture alliance

Рускиот град Белгород, што се наоѓа во близина на украинската граница, во четвртокот вечерта бил потресен од силна експлозија. Министерството за одбрана во Москва соопшти дека борбен авион Сухој-34 на руското воено воздухопловство при лет над Белгород по грешка испуштил муниција.

Според изјави на претставници на локалните власти, од експлозијата на бомбата е настанат кратер со пречник од околу 20 метри во центарот на градот и се повредени две жени. Едната од нив поради повреда на главата е префрлена во болница.

Руски авион по грешка испуштил бомба над Белгород
Руски авион по грешка испуштил бомба над БелгородФотографија: Belgorod Mayor Telegram Channel/TASS/dpa/picture alliance

Градските и регионалните власти не се изјаснија за причините на експлозијата, истрагата е во тек, изјави гувернерот Вјечеслав Гладков. Силната експлозија предизвикала оштетувања на четири станови и четири автомобили.  Гладков и градоначалникот Валентин Демидов на Телеграм објавиле фотографии на настанатите штети, на кое се гледаат разурнатите станови.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, врз Белгород постојано се пука. Во јануари гувернерот Гладков објави податок дека во истоимениот регион од февруари 2022 година биле убиени вкупно 25 луѓе, а повеќе од 90 биле ранети.

Во октомври ланската година руски авион Сухој-34 падна во населена област во градот Јејск на Азовско Море во близина на граицата со Украина и притоа загинаа 16 лица, меѓу кои и повеќе деца.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема