1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

И како затвореник, Трамп може да биде избран за претседател

Инес Пол
3 август 2023

Против поранешниот претседател на САД Доналд Трамп по трет пат е подигнато обвинение за сериозни кривични дела, а тоа се случува среде претседателска изборна кампања. Што ќе значи тоа за Трамп?

https://p.dw.com/p/4UiFf
Доналд Трамп САД
Доналд Трамп - дали обвиненијата ќе му попречат во претседателските амбиции? Фотографија: Charlie Neibergall/AP Photo/picture alliance

Што е посебноста на третото обвинение против Трамп?

Ова обвинение несомнено е најтешко од досега подигнатите против поранешниот американски претседател Доналд Трамп.Станува збор за неговите обиди да го доведе во прашање исходот од претседателските избори во 2020 година и за нападот на неговите поддржувачи врз Капитолво јануари 2021 година. Обвинението го товари за заговор против САД, за измама на избирачите чии гласови сакал да бидат поништени. 

Сето тоа има масивни влијанија на изборната кампања на републиканецот, кој сака повторно да се кандидира за претседателската функција и да се врати во Белата куќа. Овие обвинувања тежат многу повеќе од досегашните – постапката во Њујорк поради фалсификување на документи и постапката во Флорида за земање и чување на државни тајни документи.

Какво влијание ќе има постапката врз изборната кампања?

Тука постојат разлики – во Републиканската партија има цврсто јадро на поддржувачи на Трамп, кои навидум ништо не може да ги поколеба. Напротив: Трамп досега успеваше многу вешто да ги користи обвненијата за да собере изборни донации, кои меѓу другото ги користи за плаќање на неговите адвокатски трошоци. Може да се рече значи, дека кај оваа клиентела обвиненијата му одат во корист. Но, многу неопределени гласачи ќе бидат одвратени од овие обвиненија, исто како и оние републикански избирачи кои стравуваат дека обвиненијата ги редуцираат шансите на Трамп за победа против актуелниот претседател Џо Бајден.

Што велат анкетите?

Доналд Трамп и натаму е со големо отстојание најомилен кандидат кај Републиканците,сѐ укажува на тоа дека тој ќе ја добие номинацијата и ќе настапи како републикански кандидат во изборната трка. Во анкетите, моментално Трамп и Бајден се изедначени.

Специјалниот обвинител Џек Смит Доналд Трамп САД
Специјалниот обвинител Џек Смит поднесе и трето обнинение против Доналд ТрампФотографија: Jacquelyn Martin/AP Photo/picture alliance

Што значат тужбите за изборот на кандидат на Републиканската партија?

Големо прашање е – дали судските процеси ќе бидат завршени пред изборите? Термините во суд се планирани за март и мај 2024 година, токму во време кога партиите на предизбори ги одредуваат своите кандидати. Процесите против Трамп секако се многу комплексни и тој ќе се обиде на секаков начин да го пролонгира прогласувањето на пресудата, за таа да биде соопштена дури по крајот на предизборната партиска трка.

Што ќе изнесе Трамп против обвиненијата?

Тој ќе се повикува првенствено на правото на слобода на говор, а тоа има голема вредност во САД, но во овој процес малку ќе му помогне. Интересно ќе биде дали ќе му успее да ги убеди судиите дека навистина верувал дека извојувал изборна победа,зашто во кривичното право секогаш клучно значење има докажување на свесна намера. Ако тоа му успее, ќе ги зголеми своте шанси пред судот.

Може ли Трамп да стане претседател ако биде осуден?

Уставот на САД предвидува само малку услови за претседателската функција. Идниот претседател треба да е роден државјанин, да има најмалку 35 години и да живее во САД од пред 14 години. Освен тоа, не смее претходно да поминал два претседателски мандати. Значи, теоретски Трамп може да стане претседател иако е во затвор како осуденик.

Што ќе се случи ако Трамп биде избран додека процесите против него уште се во тек?

Тогаш се очекува уставна криза, зашто досега не постоел таков преседан и веројатно ќе дојде до борба за превласт меѓу судската и извршната власт, односно меѓу правосудството и владата. Тогаш ќе биде интересно да се види колку се вистински независни судовите и дали на претседатлеот ќе му успее да изврши влијание и врз Министерството за правда и судскиот апарат за кривичен прогон.

Доналд Трамп најави дека ќе се помилува самиот себеси можно ли е тоа?

Широко распространето мислење меѓу правниците е дека тоа не е можно, иако во уставот на САД не е разјаснето. Одлуката ќе треба да ја донесе Врховниот суд.