САД сакаат да обелоденат тајни документи за коронавирусот
21 март 2023Американскиот претседател, Џо Бајден, синоќа изјави дека потпишал закон кој дозволува укинување на доверливоста на документите за потеклото на коронавирусот, кој прво се појави во Кина.
„Мораме да дојдеме до потеклото на пандемијата на коронавирусот за да можеме подобро да ги спречиме идните пандемии. Мојата администрација ќе ја укине ознаката за тајност и ќе објави што е можно повеќе информации, почитувајќи ја националната безбедност“, изјави Бајден.
Текстот кој го предложи републиканската опозиција на крајот е добро прифатен меѓу демократите и едногласно го изгласаа во Претставничкиот дом, каде конзервативците се мнозинство.
Ова е уште поинтересно бидејќи темата за пандемијата длабоко ја подели американската јавност и во однос на вакцинацијата и во врска со рестриктивните мерки.
Директорот на федералната полиција, Кристофер Вреј, неодамна изјави дека несреќа во лабораторија во Вухан, Кина, е „многу веројатно“ причината за пандемијата на коронавирусот, по слична претпоставка која претходно ја изнесе американското Министерство за енергетика.
Затоа Светската здравствена организација побара од Американците да ги објават своите информации.
Научната заедница сè уште е поделена меѓу поддржувачите на хипотезата за пренесување на вирусот од животни и оние кои ја бранат тезата за „бегството на вирусот“ од лабораторија во Вухан.