1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шаховски игри во образованието

ДТЗ
11 август 2022

На дваесетина дена пред стартот на учебната година расте тензијата околу новите наставни програми, доцнењето на учебниците и амбициозните планови за овогодишниот образовен циклус.

https://p.dw.com/p/4FPqa
Symbolbild: Schach
Фотографија: Colourbox/S. Mironov

На дваесетина дена пред стартот на учебната година расте неизвесноста околу новите наставни програми, доцнењето на учебниците и амбициозните планови коишто ги најавуваат надлежните институции за овогодишниот образовен циклус. Откако лани со измени се соочија учениците во прво и четврто одделение, годинава по нови настани програми ќе учат децата во второ и петто одделение. Како изборен предмет на листата би можело да се најде и изучувањето на шахот - којшто се смета дека ја подобрува концентрацијата и меморијата, но влијае и на математичките вештини, читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување. Ова се само дел од придобивките за едно дете со изучувањето на шахот, кој од септември ќе биде на листата изборни предмети во основните училишта за деца од прво и второ одделение. Годинава учениците се враќаат во клупите на 1 септември, а од идната година можно е школската година да започнува на 10 септември и да трае до 20 јуни, по теркот на Албанија и Хрватска. 

Нова концепција

Што ги очекува основците од 1 септември? Ова е дилемата со која се соочуваат и родителите и децата по најавите дека годинава започнува учењето по новата Концепција во второ и во петто одделение. Бирото за развој на образованието веќе ги објави наставните програми - но неизвесно е дали и новите учебници ќе стасаат навреме, со оглед на тоа дека сме пред прагот на новата учебна година.

Наставните програми за второ и за петто одделение, содржат низа новини. Петтоодделенците ќе имаат нови предмети, кои се спој од два предмети. Така, нов предмет е Историја и општество, како и Техничко образование и информатика. Од Шаховската федерација на Македонија, пак, стигна најава дека од новата учебна година, шахот ќе биде изборен предмет за децата од прво и второ одделение, откако нејзината програма била прифатена од Бирото за развој на образованието. 

Nord-Mazedonien | Schulbeginn in Skopje
Училиштата ќе мора да обезбедат опрема и средства за непречено одвивање на наставата - па покрај компјутери, ќе им бидат неопходни и проектор и дигитални уредиФотографија: P. Stojanovski

Со оглед на амбициозните планови за дигитализација на образованието, училиштата ќе мора да обезбедат опрема и средства за непречено одвивање на наставата - па покрај компјутери, ќе им бидат неопходни и проектор, дигитални уреди (фотоапарат, телефон, телевизор, ЦД уред), но и сложувалки, логички плочки, игра „Не лути се човече“, градинарски алат, прибор за лична хигиена и хигиена во домот само за наставата по предметот Општество, согласно новата Концепција за основно образование. 

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вели дека се прават напори да се обезбедат дигитални уреди за децата. Преку проект со Светска банка се врши  проектирање во сите основни училишта во делот на актуелната инфраструктура што се однесува за дигитализација и поврзување во неколку мрежи. 

„По добивање на тие проектирања за сите основни училишта ние ќе дознаеме за можностите за имплементирање во инфраструктурата. Освен што работиме во процесот на дигитализација, ние ќе треба да работите и во процесот на дигитализација на инфраструктурата внатре во основните училишта. И ова заедно ќе можеме да го спроведуваме со локалната самоуправа и централната власт“, вели Шаќири. Според него, иако имаат доставено таблет уреди до учениците и училиштата, една од забелешките е дека многу училишта не се поврзани во мрежа како што треба. 

Неизвесност околу учебниците

Но, како и секоја година најголема неизвесност има околу учебниците, за кои не се знае дали навреме ќе бидат отпечатени. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во телевизиско гостување најави дека е во тек постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои има нови наставни програми. Се надева дека тие ќе бидат доставени до училиштата навреме, но, доколку се случи да има доцнење Министерството за образование и наука (МОН) има обезбедено печатени соодветни материјали додека учениците ги добијат учебниците.

Erster Schultag in Nordmazedonien
Како и секоја година најголема неизвесност има околу учебниците, за кои не се знае дали навреме ќе бидат отпечатени.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Од 1 септември ќе има учебници во трето, шесто, седмо, осмо и деветто одделение кои се по стара концепција и мислам дека тие ќе бидат навремено доставени до училиштата. За новата концепција сме во фаза на одобрување и на економски оператор и на некои учебници, но имаме уште 20 дена рок и очекувам и овие да бидат позитивно завршени до почетокот на новата Освен во печатен, учебниците од четврто и погорните одделенија ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk.

Тој најавува и брзо решавање на проблемот со сведителствата - постапка за набавка на свидетелства е завршена и оти учениците веќе почнуваат да ги добиваат. „Веднаш по информацијата дека децата немаат свидетелства јас побарав, веднаш на тие деца кои се запишуваат во средно образование веднаш да им се обезбедат свидетелствата, но, исто така знам дека тој проблем е решен во Бирото за развој на образование, и можеби во моментов има доставување на свидителства до основните и средните училишта“, вели Шаќири.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи