„Јас не изгледам како да не гледам, го знам тоа, луѓето мислат дека гледам перфектно. Јас немам периферен вид како Вас, од страна не гледам ништо и во фокусот гледам 5 проценти“, објаснува физиотерпевтката Драгана Цветковиќ.
Таа е една од терапевтите вработена во салонот „Допир“, каде работат само лица со оштетен вид и слепи терапевти.
„Затоа ја избрав оваа работа, бидејќи за оваа работа не ги користам очите, како што Вие би ги користеле очите за компјутер или телефон, мене за ова не ми треба, можам да масирам некого и во црна темница, нема проблем“, вели Драгана.
Салонот „Допир“ е основан пред 10 години, со цел да се вработат физиотерапевти со оштетен вид.
Го отвори Сојузот на слепи лица на Србија, со поддршка на Министерството за труд и вработување и е финансиски самоодржлив.
Повеќе во видеото.