1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Секој 11-ти вработен Германец работи над 48 часа неделно

ЕМФ | агенции
16 декември 2022

Речиси девет проценти од Германците кои работат со полно работно време во 2021 година работеле над 48 часа неделно.

https://p.dw.com/p/4L3LZ
Голем број раководители работат над 48 часа во неделата
Голем број раководители работат над 48 часа во неделатаФотографија: Colourbox

Вработените со полно работно време во Германија работат во просек по 40,5 часови неделно, а секој единаесеттиработи повеќе од 48 часа во неделата. Тука се вбројуваат пред сѐ раководителите, од кои најголемиот дел се мажи, соопшти Сојузниот завод за статистика.

Во 2021 година, според статистичарите, предолго работно време, од над 48 часа неделно, имале 8,8% од вработените со полно работно време.

Притоа, „колку се постари вработените, толку подолго работно време имаат“, констатира Сојузниот завод за статистика. На пример, во возрасната група до 55 до 64 години, над 48 часа неделно работеле 11,4% од вработените, а во возрасната група од 15 до 24 година тоа го правеле само 1,6%.

Голема разлика има и во половите - од вработените со полно работно време, 10,5% мажи работеле над 48 часа неделно, а кај жените тоа го правеле 5,4%. Една од причините за големата разлика е големиот удел на раководители во групата со предолго работно време - 29,4%. На раководни позиции, притоа, се претежно повозрасни луѓе, главно мажи.