Македонија трета во Европа по стапката на смртност од оружје
25 јуни 2024Северна Македонија е трета во Европа според стапката на смртност од огнено оружје. Со 12,25 случаи на милион жители, таа се најде во врвот на листата, заедно со Турција и Албанија. Стапката на смртност од оружје во Европа е повисока во Далечниот Исток и југоисточниот дел на Европа. Но,, мора да се има предвид дека податоците коишто биле анализирани се од 2019 година, пред руската инвазија на Украина.
Највисока стапка на смртност
Според анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл, повисока стапка на смртност од огнено оружје има во Турција (18,16) и во Албанија (15,20). Од земјите во соседството, оваа стапка во Србија е 10,44, во Бугарија 7,69, а во Грција 4,35.
Најниски стапки има во Велика Британија (0,66), Исланд (0,87) и Норвешка (0,92). Овие три земји се и единствените во Европа каде што полицијата не носи оружје.
Вкупната стапка на смртност од оружје во Европа е исклучително ниска. Малку смртни случаи предизвикани од огнено оружје има и во сите земји во Африка, Азија и Океанија (во кои нема воени конфликти).
Соединетите американски држави се исклучок. Повисоки стапки се бележат во Северна и Јужна Америка, каде што освен во Канада и Куба, во сите други земји стапката на смртност од оружје е повисока од Турција.
За споредба, стапката на смртност од оружје во САД е 41,69.