1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГрција

Скулптурите од Партенон ги скараа Грција и Велика Британија

ЖА
28 ноември 2023

Велика Британија и Грција долго време спорат околу враќањето на скулптурите од храмот Партенон во Атина. Британскиот премиер Сунак сега предизвика скандал откажувајќи ја посетата на грчкиот колега Мицотакис.

https://p.dw.com/p/4ZWwi
Фрагменти од фризот на храмот Партенон во Грција
Фрагменти од фризот на храмот Партенон во Грција Фотографија: Petros Giannakouris/AP/picture alliance

Спорот околу враќањето на уметничките богатства од Британскиот музеј на Грција предизвика дипломатски скандал. Британскиот премиер Риши Сунак во последен момент ја откажа средбата со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис во Лондон, а членот на британскиот кабинет Марк Хапер индиректно потврди дека причината е културниот спор. Британската влада повеќепати јасно го кажа својот став за „Елгинските мермери“, како што се нарекуваат деловите фриз во Велика Британија: тие треба да останат дел од постојаната колекција во Британскиот музеј, изјави Харпер за Би-Би-Си.

„Како Мона Лиза да е поделена на половина"

Револтирано реагираше грчкиот премиер - Мицотакис изјави дека е вознемирен поради откажувањето на средбата, кое дојде само неколку часа пред закажаниот термин. „Позициите на Грција во врска со фризовите од Партенон се добро познати“, напиша тој. „Се надевав дека ќе имам можност да разговарам за нив со мојот британски колега, како и за главните предизвици на меѓународната ситуација: Газа, Украина, климатската криза, миграцијата.“ Претходно, Мицотакис уште еднаш упати повик до Лондон да ги врати фризовите на атинскиот Акропол. Шефот на владата на Грција за Би-Би-Си направи драстична споредба – невраќањето на фризовите би било како да се подели сликата „Мона Лиза“ и едната половина да се прикаже во Лувр во Париз, а другата во Британскиот музеј. „Дали мислите дека гледачите тогаш ќе ја ценат убавината на сликата?" Токму тоа се случи со скулптурите на Партенон. „Затоа продолжуваме да се залагаме за договор кој на крајот ќе биде партнерство меѓу Грција и Британскиот музеј, но ќе ни овозможи да ги вратиме скулптурите во Грција“, истакна Мицотакис.

Атина бара реституција со децении

Британската влада ја отфрли споредбата на Мицотакис, објави новинската агенција ПА. Портпаролот на премиерот Сунак ја нагласи грижата за скулптурите која трае со генерации и желбата таа да продолжи и натаму. На прашањето дали е можен договор за позајмување, тој изјави дека не се планира промена на пристапот.

Спорот за сопственоста на антиквитетите трае со децении.  Храмот Партенон(„Богородната одаја“) на  Акропол е еден од најпознатите зачувани архитектонски споменици на античка Грција. На почетокот на 19 век, британскиот дипломат Лорд Елгин наредил демонтирање и пренесување во Англија на најдобро зачуваните мермерни плочи и скулптури од фризот на Партенон, кои потоа ги продал на Британскиот музеј во 1816 година.