1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скап живот за странските работници во Германија

10 јуни 2024

За работниците кои доаѓаат во Германија од земји надвор од ЕУ, животот е многу поскап отколку дома. Трошоците за живот се двојно пониски во Северна Македонија од Германија.

https://p.dw.com/p/4gs99
супермаркет
Храна во супермаркетФотографија: Julian Stratenschulte/dpa/picture alliance

За работниците кои доаѓаат во Германија од земји надвор од ЕУ, животот е многу поскап отколку дома. Трошоците за живот се двојно пониски во Северна Македонија од Германија, покажуваат најновите статистички податоци на германскиот сојузен завод за статистика.

Заводот за статистика во Германија сега нуди податоци за нивото на цените во 174 земји. Меѓународната програма за споредба вклучува стоки и услуги за потрошувачка на домаќинствата - со исклучок на станбените кирии.

Според Федералниот завод за статистик , трошоците за живот во Индија и Египет во 2021 година биле за 67 отсто пониски отколку во Германија, што ги прави најниски меѓу најважните земји на потекло за странските работници. Во Грузија, Виетнам и Тунис стоките и услугите чинат 60 отсто помалку отколку во Германија. 

Цените во Македонија се двојно пониски од Германија  

Граѓаните на земјите од Западен Балкан имаат полесен пристап до германскиот пазар на труд. Во овие земји, трошоците за живот се значително поевтини: во Северна Македонија тие се за половина пониски од Германија, потоа Босна и Херцеговина и Албанија (по 41 отсто пониски) и Србија (39 отсто пониски).

пари
Каса и пари во супермаркетФотографија: Michael Bihlmayer/CHROMORANGE/picture alliance

По Египет, Тунис (минус 60 проценти) беше најевтин на африканскиот континент во споредба со Германија, а потоа следат Гана и Сенегал, каде што трошоците за живот беа двојно се поевтини од Германија. Животот во Мароко е поевтин за 44 отсто. 

Потрошувачите во Виетнам исто така живеат многу поевтино отколку во Германија (минус 60 проценти). Работниците од Тајланд и Филипините живееле дома за половина од цената. 

Во Кина нивото на цените беше за 24 отсто пониско отколку во Германија. Во САД, пак, трошоците за живот се седум отсто повисоки.