Елизабета Петковска Бетка е меѓу највозрасните лица со Даунов синдром во Р.С. Македонија. 35 години плете и изработува рачни изработки - волница, конци и игли се нејзиниот живот, вели дека работата ја смирува и ужива во неа. Квалитетно си го осмислува постоењето во средина со ограничувања и без можности за социјализација на возрасни лица со интелектуални пречки