Шолц: Наш интерес е Западен Балкан да стане дел од ЕУ
14 декември 2022Приклучувањето за балканските земји во Европската унија е од интерес и на Германија и на Европа, оцени денеска (14.12) германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во владината изјава во Бундестагот, дадена пред почетокот на самитот на ЕУ во Брисел, Шолц го поздрави заживувањето на преговорите за приклучување на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ, како и одлуката за давање статус на кандидат за приклучување на Босна и Херцеговина.
„Во наш германски и европски интерес е остатокот од Балканот да стане дел од Европската унија“, рече Шолц пред пратениците во Берлин.
Тој ја поздрави и одлуката за приклучување на Хрватска во Шенген-зоната и потенцираше дека Бугарија и Романија би требало да „следуваат наскоро“. Австрија досега ги блокира напорите на овие две држави да станат дел од Шенгенскиот простор.