Шолц: Рускиот налог за апсење на Навалнаја е антидемократски
10 јули 2024Рускиот налог за апсење на Јулија Навалнаја е „налог за апсење против желбата за слобода и демократија“, напиша германскиот канцелар Олаф Шолц вчеравечер (9.07) на платформата Х. Јулија Навалнаја, според Шолц, го носи „наследството“ на нејзиниот сопруг, а „со неа и голем бројни храбри Руси“.
Суд во Русија издаде налог за апсење поради наводи за учество во „екстремистичка организација“. Јулија Навалнаја беше ставена на листа на барани лица бидејќи, како што се вели, избегнала прелиминарна истрага. Таа реагираше на платформата Х и за рускиот претседател напиша: „Владимир Путин е убиец и воен злосторник, местото му е во затвор“.
Алексеј Навални беше најостриот критичар на шефот на Кремљ. Тој почина во февруари, во казнен логор на Арктикот. Неговата вдовица најави дека ќе ја продолжи работата на својот сопруг.
Речиси сите главни опозиционери во Русија се или зад решетки или во егзил. И илјадници обични руски граѓани се уапсени и осудени за протестирање или критикување на руската војна против Украина.