1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што се случува по смртта на Кралицата?

Зилке Винш
8 септември 2022

Плановите за текот на настаните по смртта на кралицата Елизабета Втора се направени одамна. Протоколот носи име „Лондон Бриџ“.

https://p.dw.com/p/4GbZJ
Uk Queen Elizabeth II
Фотографија: Victoria Jones/REUTERS

Дојде „Денот Д“ - „Ден на смртта“ (D-Day скратено од Death Day), кодниот збор за смртта на Кралицата. Според истражувањето на британски „Гардијан“ и онлајн магазинот „Политико“, овој настан би требало да покрене вистинска машинерија. Ако сѐ оди според протоколот, деновите по смртта на Кралицата ќе се одвиваат вака:

Откако Кралицата почина вечерва, на 8 септември 2022 година, нејзиниот приватен секретар го информирал Премиерот - пропишани се зборовите „London Bridge is down“ - „Лондонскиот мост е урнат“.

Потоа започнува низа телефонски повици: прво се информира Владата, па министрите и државните секретари, со барање за апсолутна дискреција. Потоа пораката оти до медиумите. Во рок од десет минути сите знамиња на јавните згради се спуштени на половина копје. Социјалните мрежи на Бакингемската палата и Владата имаат црна позадина и објавен е некролог на црна позадина.

Десет дена до државниот погреб

Доколку сите го следат протоколот, престолонаследникот, принцот Чарлс, ќе мора да се подготви за својот говор кој ќе го одржи пред народот како нов шеф на државата. Ќе следи комеморација во катедралата Свети Павле во Лондон.

Следните десет дена - до погребот на Кралицата - ќе мируваат сите активности на Владата. Сепак, протоколот „Лондон Бриџ“ продолжува. Секој ден е нумериран.

Ден 1 („Д +1“): Новиот крал

Принцот Чарлс официјално ќе биде прогласен за нов крал во 10:00 часот. Устоличувањето на Чарлс исто така има код: „Пролетна плима“. Во 15:30 часот премиерката и кабинетот ќе ја имаат првата аудиенција кај новиот крал.

Најстар син на кралицата Елизабета Втора е принцот Чарлс - тој треба да ја наследи својата мајка на тронот
Најстар син на кралицата Елизабета Втора е принцот Чарлс - тој треба да ја наследи својата мајка на тронотФотографија: FrankHoemann/SVEN SIMON/picture alliance

Следниот ден, ковчегот на Елизабета треба да биде однесен во Бакингемската палата. Тука ќе биде пречекан од премиерката и членовите на владата. Со оглед на тоа што таа почина на нејзиниот имот во Шкотска, Балморал, нејзините посмртни останки се носат во Лондон со кралскиот воз под шифрата „Еднорог“. Доколку тоа не е можно, транспортот ќе се изврши со авион.

На третиот ден, новиот крал наутро во Вестминстер ќе прима изрази на сочувство, а попладне ќе тргне на патувањето во Обединетото Кралство, со прва станица - Шкотска.

Вестминстерската палата во Лондон
Вестминстерската палата во ЛондонФотографија: picture-alliance/dpa/robertharding

Ден 4 до Ден 9: Операции „Лав“ и „Пердув“

Додека Чарлс е во посета на Северна Ирска, во Лондон се вежба операцијата „Лав“. Тоа е процесијата на кралскиот ковчег од Бакингемската палата до Вестминстерската палата, седиштето на владата.

Следниот ден процесијата се одвива низ Лондон. По пристигнувањето на ковчегот во Вестминстерската палата, следува богослужба. Кралицата тука ќе биде поставена три дена. За ова има и шифра: Операција „Пердув“. Луѓето можат да се збогуваат со кралицата деноноќно.

Во меѓувреме, се пробува текот на државниот погреб, а кралот Чарлс е во посета на Велс.

Кралицата Елизабета Втора потоа ќе биде погребана во меморијалната капела Крал Џорџ Шести, во замокот Виндзор
Кралицата Елизабета Втора потоа ќе биде погребана во меморијалната капела Крал Џорџ Шести, во замокот ВиндзорФотографија: Hannah McKay/WPA/Getty Images

Ден 10: Државен погреб

Државната церемонија ќе се одржи во Вестминстерската опатија. Напладне ќе има две минути молк ширум земјата. Денот на погребот треба да биде државен празник. Доколку погребот е во работен ден, работодавците можат да ги ослободат од работа своите вработени.

По церемонијата, има уште една процесија до капелата Свети Џорџ, во замокот Виндзор, каде на богослужба ќе се направи последно збогување со Кралицата. Кралицата Елизабета Втора потоа ќе биде погребана во меморијалната капела Крал Џорџ Шести, во замокот Виндзор. Рамо до рамо со нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој почина во април 2021 година и сега од кралската гробница ќе биде закопан во семејниот гроб.