1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТурција

Стотици загинати во земјотрес во Турција и Сирија

ЖА / агенции
6 февруари 2023

Во силниот земјотрес во јужна Турција и северозападна Сирија бројот на жртви постојано расте, само во Турција се јавува за над 280 загинати. САД и Израел и` понудија хуманитарна помош на Турција

https://p.dw.com/p/4N8LN
Земјотрес во Турција
Земјотрес во ТурцијаФотографија: Omer Yasin Ergin/AA/picture alliance

Во земјотресот со сила од 7,4 степени, според првичните информации, во граничната област меѓу Турција и Сирија загинале неколку стотици луѓе.  Турската служба за справување со катастрофи утрово јави за најмалку стотина жртви, а набргу потоа вицепретседателот Фуат Октај ја коригираше бројката на 280  мртви и околу 2000 повредени, погодени се повеќе провинции во јужниот дел од земјата. Бројот на жртви во северозападна Сирија пак е уште повисок – државната новинска агенција Сана јави за повеќе од 230 мртви и 600 повредени, повикувајќи се на изјава на заменикот министер за здравство, Ахмед Џамиријех за државната телевизија. На удар на потресот биле неколку провинции, меѓу кои Хама, Алепо и Латакија, каде силниот дожд и врнежите од снег ги отежнуваат спасувачките работи.

Земјотрес во турската провинција Адана
Земјотрес во турската провинција АданаФотографија: Eren Bozkurt/AA/picture alliance

Во двете земји се урнале бројни згради, се стравува дека под урнатините може да има уште загинати.

Епицентарот на земјотресот кој се случи во денешните рани утрински часови се наоѓа во близина на јужниот турски град Газиантеп, близу границата со Сирија. Германскиот Гео-истражувачки центар ГФЦ во Потсдам регистрирал  потрес со сила од 7,9 степени, додека американските сеизмолошки служби зборуваат за потрес со јачина од 7,8 степени. Турската служба за справување со катастрофиобјави дека земјотресот имал сила од 7,4 степени.