1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
УметностЦрна Гора

Стрип арт за најмладите

Марија Пешиќ
20 декември 2023

Во стриповите се родени многу омилени суперхерои и негативци на сите генерации. Тие приказни во слики денес ги креира Андрија Вујошевиќ, уметник од Бар, Црна Гора. Своето знаење им го пренесува и на младите преку бесплатни работилници за цртање стрипови.

https://p.dw.com/p/4aIdD

Андрија Вујошевиќ е стрип уметник од Бар. Тој не само што сака стрипови, туку и ги пишува и илустрира:

„Од раното детство, јас и брат ми цртавме стрипови и бевме фанови. Ова го наследивме од нашите родители кои беа колекционери и љубители на стрипови. Мислам дека тоа нешто што некогаш беше сосема нормално, целосно се следеше, денес малку 'испари', но се надевам дека ќе го оживееме“, вели Вујошевиќ.

Тој ја оживува стрип културата преку работилници со деца. Тие се бесплатни и отворени за секого. Во градската библиотека во Бар еднаш неделно се учи за цртањето и стриповите:

„Во зависност од возраста, повеќето цртаат манги. Јас најмногу сакам кога ги цртаат своите ликови, но најчесто цртаат манги или игрите што ги играат“.

 

Покрај создавањето стрип херои, децата учат и техники на цртање.

 

Повеќе во видеото.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема