1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаШведска

Шведска: Избран нов премиер со поддршка на десните популисти

ЖА / агенции
17 октомври 2022

Шведскиот парламент го избра претседателот на конзервативците, Улф Кристерсон, за нов премиер, со помош на деснопопулистичките Шведски демократи.

https://p.dw.com/p/4IHbR
Улф Кристерон е нов шведски премиер
Улф Кристерон е нов шведски премиерФотографија: Fredrik Sandberg/TT/picture alliance

Парламентот во Стокхолм денеска го потврди изборот на Улф Кристерсон како шеф на малцинска влада. Конзервативната партија ќе владее заедно со социјалдемократите и либералите, а малцинската трипартитна влада ќе биде поддржана од  деснопопулистичката партија Шведски демократи.

Новата шведска влада планира намалување на даноците, изградба на нови атомски централи, зајакнување на полицијата и потврд пристап против криминалитетот на бандите во земјата. Една од клучните точки на новата влада ќе биде и ограничување на миграцијата преку рестриктивен курс, тема која особено „им лежи“ на Шведските демократи, од чии аспект досегашната доселеничка политика е виновна за престрелките и пораст на криминалитетот на бандите. Шведските демократи на парламентарните избори  во средината на септември годинава станаа втора политичка сила во земјата.