1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина ќе добие нов министер за одбрана

СН/агенции
4 септември 2023

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников е познат на Западот по неговите неуморни барања за меѓународна воена помош. Сега тој е разрешен од страна на претседателот Зеленски, а познат е и неговиот наследник.

https://p.dw.com/p/4VuSP
Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников мора да си замине од функцијата по 550 дена војна
Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников мора да си замине од функцијата по 550 дена војнаФотографија: Sebastian Gollnow/dpa/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников. „Верувам дека на министерството му требаат нови пристапи и други формати на интеракција и со војската и со општеството воопшто“, рече претседателот на Украина во редовното вечерно видео обраќање. Зеленски не изнесе дополнителни детали за разрешувањето на министерот за одбрана. 

Во последниве недели беа изнесени обвинувања за корупција против Резников, Повеќе медиуми јавуваат дека Министерството за одбрана склучило договор со турска компанија за набавка на зимски униформи на крајот на 2022 година, чија цена по потпишувањето на договорот тројно се зголемила. Резников ги негираше обвинувањата. На почетокот на годината имаше и извештаи за наводно прескапи испораки на храна. Резников ја презеде функцијата во ноември 2021 година, неколку месеци пред руската инвазија на 24 февруари 2022 година. Во западните земји тој постојано ангажирано бараше помош во оружје и обука за украинските војници. Се смета дека Резников е добро поврзан со сојузниците на Украина на Западот.

Зеленски предложи наследник

Зеленски го предложи Рустем Умеров за негов наследник.

Рустем Умеров треба да биде нов министер за одбрана на Украина
Рустем Умеров треба да биде нов министер за одбрана на УкраинаФотографија: Thomas Imo/photothek/picture alliance

Промената на министерот за одбрана треба да биде одобрена од украинскиот парламент. Зеленски рече дека очекува пратениците да го одобрат назначувањето на Умеров. Умеров е на чело на државниот инвестициски фонд од септември 2022 година. 41-годишникот бил вклучен и во преговорите за договорот за извоз на украинското жито преку Црното Море.