1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Украински дронови напаѓаат воени цели во Русија?

СН/агенции
6 декември 2022

Русија денеска јави за напад со беспилотно летало врз аеродром во регионот Курск, во близина на границата со Украина. Синоќа Москва ја обвини Украина за слични напади врз две воздухопловни бази на територијата на Русија.

https://p.dw.com/p/4KWK9
Облак од чад се крева од резервоар на гориво во близина на аеродромот во регионот Курск, кој според руски извори денесака бил цел на напад со дрон
Облак од чад се крева од резервоар на гориво во близина на аеродромот во регионот Курск, кој според руски извори денесака бил цел на напад со дронФотографија: TASS/dpa/picture alliance

Аеродромот во рускиот регион Курск, на границата со Украина, бил цел на напад на беспилотно летало, соопшти утрината гувренерот на регионот, Роман Старовојт.

„Во нападот со дрон во областа кај аеродромот Курск, се запали резервоар со нафта. Жртви нема“, напиша гувернерот на социјалните мрежи. Гувернерот не соопшти од каде потекнувало беспилотното летало

Руското министерство за одбрана, од друга страна синоќа соопшти дека руската војска соборила украински дронови од советско производство кои нападнале две руски воздухопловни бази, во кои починале тројца војници.

Уште 4 руски војници се повредени, како што е соопштено, од остатоци од дроновите  кои се пресретнати во базите во руските региони Саратов и Рјазан.

Сателитска фотографија од руската воздухопловна база Енгелс во регионот Саратов
Сателитска фотографија од руската воздухопловна база Енгелс во регионот СаратовФотографија: MAXAR TECHNOLOGIES/REUTERS

Според наводите од Москва, и два руски воени авиони се полесно оштетени од остатоците од дроновите.

Украина не ја коментираше можната причина за експлозиите во  воздухопловните бази Енгелс во Саратов и Џагилево во Рјазан.

Претходно, руските медиуми известија за две експлозии во бази во Русија. Гувернерот на Саратов, Роман Бусгарин, изјави дека не се оштетени цивилни објекти.

На прашањето дали Владимир Путин е известен за експлозијата во базата Енгелс, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, одговори дека претседателот на Русија редовно прима информации за тековнот развој на случувањата.