1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСрбија

Во пожар во Нови Сад загинаа шест лица, од кои четири деца

ЕМФ | агенции
23 август 2024

Во пожар што се случи во Нови Сад, Србија, загинаа шест лица, од кои четири се деца, соопшти полицијата.

https://p.dw.com/p/4joYi
Нови Сад
Нови СадФотографија: Stiftung Novi Sad 2021/dpa/picture alliance

Пожарот во Нови Сад избил во текот на ноќта, околу три часот изутрина, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Според претпоставките, загинатите шест лица, од кои четири деца на возраст од седум, пет, четири и две години, се членови на едно семејство.

Според изјави на лекар од службата за итна помош, жртвите веќе биле починати кога медицинскиот тим пристигнал на местото на пожарот. Министероот Дачиќ соопшти дека според првичните сознанија, постојат претпоставки дека пожарот го предизвиклал електричен скутер кој бил приклучен на електричната мрежа.