1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Во Русија се зголемува скепсата кон војната во Украина

Тагесшау | ЕМФ
2 декември 2023

Русија продолжува со несмалени напади врз Украина. Претседателот Путин бара да бидат мобилизирани уште 170 илјади Руси за армијата. Но, сомнежите на Русите се зголемуваат.

https://p.dw.com/p/4Zez7
платеник на Вагнер кај Бахмут
Војна на која не ѝ се гледа крајотФотографија: RIA Novosti/SNA/IMAGO

Не поминува ден, а руската државна телевизија да не извести детално за акциите на руската армија. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу нагласува дека вооружените сили не само што успешно ја одбиле украинската контраофанзива, туку и чекор по чекор ја подобриле сопствената позиција.

Шојгу зборува за огромни загуби на Украина

Непријателот, тврди Шојгу, претрпел огромни загуби: „Вкупно, непријателот од почетокот на месецов загуби повеќе од 13.700 луѓе и околу 1.800 парчиња разновидно оружје и воена опрема“, изјави тој. Ова се бројки кои имаат за цел да докажат дека се прави напредок.

Но, сепак е забележливо дека дури и во втората зима од војната продолжуваат борби за истите места и градови, на пример околу Авдијивка, или Купјанск. „Се чини дека има вести од фронтот, но тоа не води никаде“, вели Артемиј Веденскиј, основач на независната група за истражување на јавното мислење „Руско поле“. „Како што покажуваат неодамнешните истражувања, ова во најмала рака води до иритација“, вели Веденскиј. Секој втор граѓанин сега е скептичен во врска со официјалните вести за текот на воената операција.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу зборува за украинските загубиФотографија: Russian Defence Ministry/dpa/picture-alliance

Истражување: Во Русија се шири замор

Во принцип, вели Веденскиј, во земјата се шири одреден замор. За првпат повеќе испитаници се залагаат за мировни преговори отколку за продолжување на воената операција. „Луѓето сакаат да заврши“, вели Веденскиј. Сепак - тоа може да се види и од анкетите - не на сметка на Русија. Само малцинство би поддржало повлекување без никакви услови. Бидејќи, без разлика колку мнозинството да ја смета војната за ужасна, воената операција прогласена од Кремљ сè уште има поддршка - барем пасивно, сè додека нема нови мобилизации. Првата и засега само делумна мобилизација пред 15 месеци има влијание до денес. Гласините на социјалните мрежи за нов бран на регрутирање продолжуваат да предизвикуваат немир во општеството.

Покрај тоа, сопругите и мајките на тогаш мобилизираните војници се здружија за да формираат движење. Тие сè почесто бараат јавно враќање на нивните луѓе и синови, кои, според нив, доволно долго помагаат на фронтот. Специјалната воена операција, според репортерката Марија Андрејева од каналот „Настојачее времја“, е неопходна мерка, но на крајот на краиштата тоа е работа на армијата. „Ако водиме воен конфликт на странска територија, а водиме воен конфликт на туѓа територија, тогаш тоа треба да биде во рацете на платена армија, а не да ја носи цивлното население.“

На повидок нема крај на војната

Властите сè уште дозволуваат движењето да работи главно непречено. Тоа не е случај со илјадници луѓе во Русија кои беа осудени на парични казни и долги затворски казни за јавно искажување критики за војната, без разлика каде и како. Војна на која не ѝ се гледа крајот. И за коај рускиот претседател Владимир Путин е сè уште подготвен да троши многу пари. Според буџетскиот план, над 30 отсто од државните трошоци треба да одат за војската.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи