1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Во руски напад врз украинско село загинаа 49 луѓе

БГ /АП
5 октомври 2023

Најмалку 49 луѓе загинаа во руски ракетен напад врз село на североистокот на Украина, а уште најмалку шест лица се повредени.

https://p.dw.com/p/4X9th
Украина Хроза
Уништени објекти во селото Хроза по рускиот ракетен напад. Фотографија: Ukrainian Presidential Press Office/AP Photo/picture alliance

Според украински извори, руските сили гранатирале продавница и кафуле во селото Хроза, во регионот на Харков. Меѓу загинатите е и 6-годишно дете, а едно дете е потешко повредено.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов соопшти дека бројни цивили биле присутни на просторот каде се случил нападот.

„Спасувачки екипи и натаму работат“, соопшти Синехубов, алудирајќи на спасувачите кои се обидуваат да пронајдат преживеани меѓу изгорените остатоци од објектите. 

Зеленски: Теророт мора да сопре 

Засега е нејасно дали руските трупи го гранатирале селото или испукале ракети.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се наоѓа на самитот на Европската политичка заедница во Шпанија, порача дека „рускиот терор мора да се сопре“.

„Разговараме со европските лидери за зајакнување на нашата воздушна одбрана, за засилување на војската, и заштита на нашата држава од теророт“, порача Зеленски преку апликацијата Телеграм. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема