Војна според правила: 75 години од Женевските конвенции
12 август 2024Како „едно од најважните достигнувања на човештвото во минатиот век“ Меѓународниот комитет на Црвениот крст ги опишува „Женевските конвенции“. Хуманитарната организација веројатно има добри причини за тоа, бидејќи конвенции ги определува правилата за војување. Целта е да се заштитат цивилите, да се поддржи медицинскиот персонал и неговите помошници во војната и да се регулира третманот на ранетите, болните, бродоломците и воените заробеници.
А сепак, Обединетите нации забележаа повеќе од 33.443 цивилни жртви во вооружени конфликти во 2023 година, 72 отсто повеќе отколку во 2022 година. Има голем број конфликти ширум светот, како нападот врз Израел од страна на терористичката организација Хамас и другите вооружени групи на 7 октомври и израелскиот воен одговор во Појасот Газа, потоа војната во Судан и се разбира војната на Русија против Украина. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупредува дека „често не е гарантирано почитувањето на меѓународното хуманитарно право и на човековите права“ и состојбата со заштитата на цивилите ја опишува како „исклучително страшна“.
Конвенциите денес на крстопат
„Сведоци сме на невидени напади врз медицински работници, болници и цивили. Сето тоа е прекршување на Женевските конвенции“, вели Ендру Клефам, професор по меѓународно право на Институтот за дипломатски студии во Женева и поранешен член на Комисијата на ОН за човекови права во Јужен Судан. За Клефам, 75-годишнината од постоењето на Женевските конвенции е „клучен момент“ за меѓународното хуманитарно право. Земјите во светот, вели тој, сега мора конечно да одлучат дали сакаат да ги повикаат на одговорност за воени злосторства оние кои постојано јапрекршуваат конвенции.
Прекршувањата може да се гонат пред Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој започна со работа во 2002 година. Неговата задача е да ги изведе воените злосторници пред лицето на правдата. Сепак, многу земји како што се САД, Русија и Израел сè уште не ја признале надлежноста на Судот. „МКС издаде налози за апсење против Руси. Има пријави за издавање налози за апсење во врска со конфликтот во Газа (Нетанјаху на пример, заб. на уредникот). А, степенот на сериозност со којазападните земји го сфаќаат тоа, ќе покаже колкава е релевантноста на Женевските конвенции денес“, изјави Клефам за ДВ.
Раешмин Сагу е директор на програмата за меѓународно право во британската тинк-тенк Четам Хаус, а претходно беше советник на британскиот Црвен крст. Таа ја гледа 75-годишнината од Конвенции како еден вид опомена и укажува на тоа дека секоја земја прво треба да провери дали Конвенции јаспроведува со сопствените вооружани сили и да ги охрабри своите сојузници да го сторат истото. „Не смееме да заборавиме дека конвенциите се заснова на универзални вредности и принципи. Да јанемавме во моментов, веројатно ќе имаше барања да се воведе“, вели Сагу.
Што е Женевските конвенции?
Анри Динан бил швајцарски бизнисмен, основач на Меѓународниот Црвен крст и зачетник на идејата за меѓународни преговори што резултираа со „Конвенциите за олеснување на воените повреди“ во 1864 година. Многу години подоцна, во 1949 година, беше создадена Првата Женевски конвенции. Причина за неговата посветеност е што Динан, роден во Женева, како млад човек и самиот бил сведок на крвавите последици од битката кај Солферино во северна Италија. Тогаш беа убиени и ранети десетина илјади луѓе.
Поттикнат од маките на ранетите војници, Динан повика на формирање национални хуманитарни друштва. Подоцна тоа станал Меѓународен комитет за благосостојба на ранетите, сега познат како Меѓународен комитет на Црвениот крст. Ужасите на Втората светска војна (1939-1945) - злосторства против човештвото, употреба на нуклеарно и хемиско оружје, ѕверствата на војната – на крајот беа причината за склучувањето на четирите дела од Женевски конвенции во 1949 година.
Што содржи Женевските конвенции?
Женевските конвенции и дополнителните протоколи се во суштина јадрото на меѓународното хуманитарно право. „Тоа се меѓународни договори во кои изготвувачите во суштина прифаќаат дека секогаш ќе има војни, но тие содржат и збир на правила за водење вооружени конфликти и ограничување на бруталноста на војните“, објаснува Сагу.
Првата конвенција ги штити ранетите и болните војници и цивилниот персонал. Гарантира хуман третман, медицинска нега и заштита од насилство, вклучувајќи и заштита од тортура и убиства. Исто така, бара неутралност на медицинскиот персонал и медицинските установи. Црвениот крст и Црвената полумесечина треба да се носат како видливи симболи и имаат за цел да обезбедат заштита.
Втората конвенција ги штити ранетите, болните и бродоломните членови на вооружените сили на море. Третата конвенција содржи посебни правила за постапување со воените заробеници. Четвртата конвенција ги штити цивилите во време на војна, особено на окупираните територии.
Конвенциите од 1949 година сега се ратификувани од сите земји во светот и на тој начин меѓународното хуманитарно право стана универзален закон. Сепак, прекршувањата на конвенциите сè уште се случуваат - тие можат да бидат истражувани и кривично гонети од која било држава или, во одредени околности, од Меѓународниот кривичен суд.
Kакво значење има Женевските конвенции денес?
Спроведувањето на меѓународното хуманитарно право е генерално тешко. Само помислете на многуте недржавни актери кои сега се активни во војните, или на новите технологии како автономното оружје и вештачката интелигенција. Дури и по 75 години, почитувањето на Женевските конвенции останува можеби најтешката задача. „Имплементацијата секогаш била тешка, тоа е факт. Државите сега мора да се концентрираат на спроведувањето“, вели Согу. Затоа што „тоа е можно само во мирнодопски услови“.
За Ендру Клефам, единствениот начин да се обезбеди почитување на Женевските конвенции е да се казнат оние што ја прекршуваат. „Сега треба да обрнеме внимание на гонењето на воените злосторства и извозот на оружје – тоа е најважното нешто за да може да се почитува Женевските конвенции“, заклучува тој.