1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Војна во Украина: Долгата рака на Москва во Германија

21 јуни 2023

По протерувањето на руски дипломати од Германија, германската служба за заштита на уставниот поредок регистрира нова шпионска стратегија на Кремљ во земјата и предупредува на опасностите.

https://p.dw.com/p/4Srvu
Руската амбасада во Берлин-прибежиште на шпиони, гласи оценката на германската Служба за заштита на уставниот поредок
Руската амбасада во Берлин-прибежиште на шпиони, гласи оценката на германската Служба за заштита на уставниот поредокФотографија: Michael Kuenne/Zumapress/picture alliance

„Руската војна против Украина значи и пресвртница за внатрешната безбедност“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, при претставувањето на извештајот на Сојузната служба за заштита на уставниот поредок (БфВ) за 2022 година.

До неа на претставувањето во Берлин беше Томас Халденванг, претседатот на БфВ, односно германската контраразузнувачка служба или служба за државна безбедност. Повторно се зголемени заканите од руската шпионска активност, нагласи тој.

Како реакција на тоа, набргу по почетокот на војната во Украина, Германија протера 40 руски дипломати кои беа акредитирани во амбасадата во Берлин, а беа осомничени за шпионажа од страна на германските власти.

Путин е поопасен од Кина

„Дури и ако таквите мерки имаат ефект на краток рок, Русија ќе ги прилагоди своите методи и ќе дејствува на потаен и на поагресивен начин во иднина. Кога го вели тоа, Халденванг мисли на сајбер напади и нелегални службеници на тајните служби кои би можеле да се движат низ Германија со лажни идентитети. А во споредба со другите земји, особено Кина, тој го смета Владимир Путин за поопасен.

Претседателот на Сојузната служба за заштита на уставниот поредок, Томас Халденванг и германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер предупредуваат на опасностите од Русија.
Претседателот на Сојузната служба за заштита на уставниот поредок, Томас Халденванг и германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер предупредуваат на опасностите од Русија.Фотографија: Christoph Soeder/dpa/picture alliance

Генерално, може да се каже дека руските тајни служби се поробусни и дека ги користат сите средства, понекогаш такви, какви што мислите дека постојат само во филмовите. „Во краен случај, руските служби не се воздружуваат и да убиваат луѓе“, тврди шефот на БфФ.

Руската пропаганда се засилува

И Службата за заштита на уставниот поредок е загрижена поради засилената пропаганда на Кремљво Германија. Во неа се вклучени проруски групи кои ја оправдуваат нелегалната воена агресија врз Украина. Нивната цел, како и целта на рускиот претседател Владимир Путин е следна: да ги придобијат на своја страна луѓето со потекло од поранешниот Советски Сојуз кои сега живеат во Германија.

„Путин оваа група луѓе ја смета како „свои Руси“, луѓе на кои сака да влијае“, истакнува Томас Халденванг. Сепак, тој оценува дека рускојазичната дијаспора во Германија во најголем дел речиси и да не е подложна на руската пропаганда.

Најголемата закана: десничарските екстремисти

Се појавува мешана слика кога се гледа левичарскиот екстремистички спектар. Според контраразузнувачкиот извештај, војната таму остро се осудува. „Сепак, делови од левичарската сцена не ја сметаат само Русија за агресор, туку и НАТО, САД и Западот воопшто, или империјализмот, како причина за војната“, вели Халденванг.

Дури и меѓу десничарските екстремисти, Службата за заштита на уставниот поредок, забележува обиди за остварување капитал од руската агресорска војна. „Меѓутоа, тие провокатори не успеаја да се мобилизираат низ целата земја за своите акциии“.

Сепак, десничарскиот екстремизам останува најголемата закана за слободниот, демократски поредок и за безбедноста, нагласуваат и Томас Халденванг и министерката Ненси Фезер.

Нивниот заклучок гласи: Заканата од шпионажа, сајбер напади и кампањи за дезинформации е зголемена - главно од страна на Русија од почетокот на војната во Украина. Но, во фокусот се и други земји: Кина, Иран, Северна Кореја и Турција.