1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

Забрана за Хуавеи и ЗТЕ во САД

Кристијан Валц
26 ноември 2022

„Неприфатлив ризик“ за националната безбедност: апаратите и опремата на кинеските компании Хуавеи и ЗТЕ во иднина не смеат да се увезуваат или продаваат во САД.

https://p.dw.com/p/4K75x
Мобилни телефони на Хуавеи
Мобилни телефони на ХуавеиФотографија: CFOTO/picture alliance

САД забранија продажба и увоз на апарати за комуникација и опрема за надзор на кинеските технолошки концерни Хуавеи и ЗТЕ. Тие претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност, образложи американската сојузна комисија за комуникации ФЦЦ.

„Како последица на нашата одлука, веќе не може да се издаваат дозволи за нови апарати на Хуавеи или ЗТЕ“, напиша на Твитер ФЦЦ-комесарот Брендан Кер. Постои можност и за повлекување на веќе издадени дозволи. Доколку не се издаде дозвола за нови апарати поради загриженост за националната безбедност, тоа би било „првпат во историјата на ФЦЦ“, објасни Кер.

Американскиот претседател Џо Бајден уште минатата година најави исклучување на Хуавеи и ЗТЕ од американскиот пазар. Со тоа тој остана на линијата на својот претходник Доналд Трамп кога станува збор за трговскиот конфликт со Кина.

Владата во Вашингтон му префрла на Хуавеи тесна поврзаност со кинеските власти и стравува од шпионажа и саботажа во САД. Компанијата ги отфрла обвинувањата.

- повеќе: Хуавеи и ЕУ: Без забрана, но со ограничувања

Покрај Хуавеи и ЗТЕ, одлуката на ФЦЦ ги погаѓа и апаратите на Хајтера Комуникејшнс, Дахуа Технолоџи и Хангжу Хинквижн Дигитал Технолоџи.