8 ноември 2023
Реклама
Ѓустина „Дуни“ Гришај живее како маж. Тоа е вековна традиција. Ѓустина е една од заколнатите девици во Албанија, или бурнеша. Древниот албански обичај им дозволува на жените да станат глава на семејството и да ја преземат традиционалната машка улога - со сите нејзини права и обврски ако се заколнат дека ќе останат девици.
„Бурнешите ги чуваат старите добри традиции, како што се храброста и гостопримството. Тие се посветуваат исклучиво на своето семејство“, објаснува Ѓустина.
Тоа нема никаква врска со сексуалната ориентација, туку е чисто социјална функција.
Повеќе за бурнешите, во видеото.