1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Железничкиот сообраќај за Битола во колапс

ДТЗ
25 септември 2023

Во огнената стихија која што избувна викендов во битолско-прилепскиот регион, се уништени околу 1.000 прагови на повеќе локации.

https://p.dw.com/p/4Wlwh
пруга
Железничкиот сообраќај за Битола во колапсФотографија: Deutsche Bahn

Пожар предизвика колапс на железничкиот сообраќај на пругата Скопје-Битола-Скопје. Во огнената стихија која што избувна викендов во битолско-прилепскиот регион, се уништени околу 1.000 прагови на повеќе локации.

Од Железници на Република Северна Македонија-Инфраструктура информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот.  

Сообраќајот во прекин

„Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се наведува во соопштението на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека пожарите се изгаснати. На пожарот во Општина Долнени, селата Слепче и Гостиржани, поделен во два крака кои се движеа кон густа  и уредена шума на велешка територија од едната страна и селото Црнилиште, Прилепско, на другата страна интервенирале два „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Моментално сообраќаат само возовите од Скопје за Велес и Скопје-Гевгелија, додека патничките возови веќе неколку години не сообраќаат на релацијата Скопје-Кочани-Скопје и Скопје-Кичево-Скопје.