Реклама
Според Државниот завод за ревизија, во периодот од 2013 до 2021 година од државата годишно заминувале по 2.500 висококвалификувани кадри. Но, зошто заминувале тие, но и зошто заминуваат младите генерално?
„Најмногу поради криминалот што се случува во земјата, сиромаштијата и што нема правдина. Народот не го фермаат ниту малку, нула, како да нема народ. Затоа си одат младите. Сиромаштијата ги прави сите работи поради што си одат младите“, вели жител на Штип.