1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абазовиќ за ДВ: Граѓаните на Црна Гора се жедни за правда

21 мај 2022

Сè што може да се користи како алатка за забрзување на тој пат е прифатливо. Замена за евроинтеграциите нема, вели црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ во интервју за ДВ.

https://p.dw.com/p/4BNYI
DW Interview Dritan Abazovic
Фотографија: Adelheid Feilcke/DW

Ставот на Црна Гора во однос на војната во Украина е јасен, а тоа подразбира осуда на руската агресија и санкции против Русија, од една страна, и поддршка на суверенитетот на Украина, од друга страна, изјави црногорскиот премиерот Дритан Абазовиќ во интервју за ДВ

Запрашан како неговата владаќе се спротивстави на силното руско влијание во Црна Гора, тој рече дека најадекватниот одговор ќе биде забрзување на европската интеграција. „Мислам дека она што се случи во Украина е голем сигнал за нас од Западен Балкан, но и сигнал до бриселската администрација. Ако не сакаме да останеме црна точка во овој дел од светот, мора што побрзо да се движиме кон Европската Унија. И тоа е амбицијата на оваа влада“.

Сè што може да се користи како алатка за забрзување на тој пат е прифатливо за неговата влада. Тој вели дека не се заинтересирани за сѐ што може да се сфати како замена за евроинтеграциите.

„Берлински процес, ЦЕФТА, Отворен Балкан, други иницијативи - клучната порака на сите нив е регионалната соработка. Името не е важно. Она што нам ни е потребно е повеќе доверба, подобра комуникација, заеднички проекти, поголема соработка меѓу државите и владите и сѐ што оди во таа насока е добро“, рече Абазовиќ.

Ни треба поголема доверба во регионот

Тој нагласи дека Црна Гора своите соседи не ги доживува како непријатели, туку како соседи и пријатели. Тој вели дека политичките елити кои сакаат да промовираат национализам не го прават тоа од патриотски причини, туку за да задржат статус кво и да спречат изградба на институции кои би можеле да одговорат на корупцијата.

„Но, јас сум оптимист и за Црна Гора и за регионот. Мислам дека новите генерации политичари насекаде во регионот разбираат дека мора да промовираме нов пристап кон политиката и се надевам дека сите ќе бидат подготвени да придонесат за промоција на различни вредности“, заклучи Абазовиќ.

Борба против корупција

Новата малцинска влада во Црна Гора има два главни приоритети - борба против корупцијата и економски напредок. Тој оценува дека граѓаните на Црна Гора се пред сѐ жедни за правда и дека со воспоставување правда може да се смират тензиите во општеството.

Одговарајќи на прашањето дали тој ќе биде премиер кој ќе го потпише Основниот договор со СПЦ, Абазовиќ рече дека нема проблем да потпише договор кој е во согласност со законот и уставот.

„Ова е само уште едно прашање што може да се стави само во политички контекст на Балканот. Темелен договор со верска организација е нешто што е нормална процедура во која било земја во светот, а овој премиер нема проблем да потпише договор со која било верска организација што е регистрирана според законот во нашата земја“, рече Абазовиќ за ДВ.