1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аеродромот Келн- Бон е пред тежок предизвик

Моника Ломилер5 јуни 2008

Со оглед на прогнозите за минус од седум милиони евра за годинава, за прв пат во последниве години, овој аеродром ќе влезе во загуба. Тој важи за лидер на пазарот на ниско буџетски летови во Германија

https://p.dw.com/p/ECLm
Аеродромот Келн- Бон значи и многу работни местаФотографија: picture-alliance/ dpa

Причината за црвеното салдо, кое годинава ќе го регистрира аеродромот Келн-Бон, беше бргу објавена. Логистичката фирма ќерка на Германски пошти, ДХЛ, ја премести својата база во Лајпциг. Истото го направи и карго делот на Луфтханза. Тоа значи, 20% од годишните приливи помалку за аеродромските власти.

Ваквиот развој е тежок удар за еден аеродром, кој со години пријавуваше висок пораст. Само во последните пет години двојно е зголемен бројот на патниците. 2007 година беше рекордна благодарение пред се‘ на таканаречените ниско тарифни компании. Од аеродромот Келн Бон полетале или пристигнале вкупно десет милиони патници.

Не е се‘ изгубено

Шефот на аеродромот, Михаел Гарвенс, преселбата на „ДХЛ„ ја гледа како голем предизвик. Сепак тој полага надеж во американската фирма за брза достава, Федекс, најголема во светот, која од 2010 година аеродромот Келн Бон ќе го користи како база за Германија и Источна Европа. Исто така и сојузната покраина северна Рајна Вестфалија ја продолжи дозволата за ноќни летови до 2030 година:

„ Ангажирањето на Федекс е вкупна инвестиција од 140 милиони евра. Ние гледаме добри шанси за развој и на целокупниот карго транспорт, со оглед на ноќните забрани кои важат за аеродромот во Франкфурт. Затоа ќе инвестираме дополнителни 25 милиони евра за изградба на нов Карго шпедициски центар„ изјави Гарвенс

Што со евтините летови?

Темата евтини летови на долги релации сеуште не е на маса. Преговорите со кинеската компанија Оазис кратко пред договорот се запрени. Во меѓувреме авиокомпанијата од Хонг Конг пријави несолвентност:

„ Проблемот е во тоа што од 2002 година нафтата и се разбира цената на керозинот неколкупати се зголеми, така што ваквите модели за долги летови станаа многу тешки. Но се разбира дека несолвентноста на Оазис не значи дека проектот за нискобуџетни летови на долги реалции е мртов. Ние контактираме и со други понудувачи. Кога проектот ќе се реализира сега не можам да кажам, но ќе повторам. Не е во прашање, дали, туку како и кога„ вели Гарвенс

Billigflieger Germanwings
Евтините летови се препознатлив знак на аеродромотФотографија: picture-alliance/ dpa

Голема конкуренција


Како и да е, пазарот за нискобуџетни летови е тежок за борба. Шефот на ирската нискобуџетна компанија Рајан-Ер изјави дека најголем дел од ваквите компании во идните 12 месеци ќе пропаднат. Сепак Гарвенс на тоа не гледа така драматично:

„ Сигурно е дека ќе дојде до консолидирање, но не само во ниско буџетниот сегмент. Погледнете само што се случува кај редовните авио превозници како Алиталиа, Аустриа Ерлајнс, САС. Постојат многу компании кои забележуваат загуби. Тоа значи дека процесот на консолидирање ќе ги опфати сите авио-сегменти, без разлика дали станува збор за редовни, Чартер, или нискобуџетни линии„

Инаку, аеродромот Келн-Бон е своевиден мотор за работни места. За секое работно место на аеродромот доаѓаат две однадвор. Тоа значи дека вкупно 37.000 работни места директно или индиректно зависат од аеродромот. Американскиот логистички концерн УПС со 2200 вработени е најголем работодавец на аеродромот Келн-Бон