1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Азилантите се „проблем“ на цела Европа

16 јули 2011

Стразбур смета дека бранот на имигранти и азиланти е заеднички „европски проблем“, кој треба да се решава. ПССЕ притоа донесе одлука за истрага за смртта на околу 1000 бегалци во водите на Средоземното море.

https://p.dw.com/p/11vu7
A handout picture made available by the Spanish Salvamento Maritimo (Sea Rescue) on 30 September 2008 shows the 229 sub-Saharan illegal immigrants who were rescued by a Sea Rescue ship offshore the Canarian archipelago, Spain, on 29 September 2008. The small boat was taken to Tenerife island. It is the greater number of illegal immigrants who have ever arrived on a board a small boat to the Spanish EPA/SALVAMENTO MARITIMO/HANDOUT BEST QUALITY AVAILABLE EDITORIAL USE ONLY
Илегални беглаци пред островот ТенерифаФотографија: picture-alliance/ dpa

Група луѓе на различни возрасти, облечени во црвени маички со натписи - „Жива библиотека“ го привлече нашето внимание во Стразбур. Тоа се „луѓе-книги“, кои, ако разговарате со нив, отвораат страница по страница од своите животи. „Живата библиотека“ ја обединува една нитка - тие биле или се уште се азиланти, односно бегалци.

„Жива библиотека“

Мојата „жива“ книга, заведена под бројот 16, која случајно ја избрав пред полукружната сала на Палатата на Европа, се претставува самата, доволно е да ја отвориме.„Пред единаесет години книгата замина од од Брегот на Слоновата коска, од пред единаесет години таа се чувствува и како италијанска и европска, се чувствува резултатот на поминатиот живот овде и таму. Таа ја одржува врската со своето минато и верува во својата иднина.“ -„Не е лесно да се најде вистинскиот збор, но се обидуваме да го пренесеме она што е во нашето срце. Сведоштво за она што го живееме, внатре во оштеството во кое комуницираме и разменуваме, но се чувствуваме надвор од него. Тешко е да се зборува за својата судбина.“

Asylanten, die sogenanten "Menschen -Bücher", die ihre Geschichten erzählen. Das Foto wurde in EU Rat in Straßburg von unserem Korrespondent Glamcevski gemacht. *** Juli 2011
„Луѓе-книги“ во СтразбурФотографија: DW/Glamcevski

Пораките на „живите книги“ добија ехо во ПССЕ. Дел од членовите на ПССЕ „прочитаја“ некои од „живите книги“ и нивните зборови очигледно допреа до политичарите. Институциите од Стразбур испратија силна порака до земјите-членки на ЕУ и на Советот на Европа, дека постојат големи проблеми со третманот на азилантите, особено сега по бранот насилства во земјите од Блискиот Исток и од Северна Африка.

Поголема е мобилизацијата за бактеријата Е.коли, отколку за азилантите

„Повеќе од илјада лица се удавија или умреја од глад и жед кога се обидуваа да го преминат Средоземното море кое ги разделува од Лампедуза. За жал нивната листа ќе се зголемува. Нивниот број е шест или седум пати поголем од тој на починатите од епидемијата на бактеријата Е.коли која се појави во Германија. Но доволно е да се погледне начинот на медиумското покривање и рекациите на властите за двата настани. Епидемијата со Е.коли предизвика хистерија во медиумите“ - изјави британскиот парламентарец Кристофер Чоуп, кој се осмели да ја направи оваа споредба.

„Но затоа пак, наспроти трагичната загуба на животите на барателите на азил и на илегалните имигранти кои се соочуват со жални услови на присилно сместување како во Грција, реакциите се крајно бавни. Не е направен никаков обид за утврдување на одговорностите, без притоа да се мобилизраираат фондовите со кои располага Европа.“ – заклучи со големо жалење Чоуп.

Од државите кои најмногу стравуваат се тие што гравитираат кон Медитеранот, оти се плашат од масовен бегалски бран, а тоа се Италија, Малта и Грција. Но, ова не е проблем само на тие земји туку, според Стразбур, тоа е вистински „европски проблем“.

И западните земји се одоговрини за азилантите

„Земјите што се на север, како на пример Холандија, Германија или Велика Британија, и тие се одговорни. Мора да има хармонизација на европската политика и многу поголема солидарност во европските структури. Сега се шири ксенофобијата и луѓето што имаат право на заштита во Европа се враќаат назад, а тоа не е прифатливо и мора да се избегне“ – се вели во Стразбур.

epa02578660 Immigrants on the island of Lampedusa, Italy, 12 February 2011. Italy declared a humanitarian emergency on its southern islet of Lampedusa and organized air lifts to the mainland as immigrants from Tunisia continued to stream in. Nearly 3,000 people, mostly from the North African country, have made their way to the island in just two days, in the wake of recent political unrest in Tunisia that led to the overthrow of president Zine el- Abidine Ben Ali. The arrivals have overwhelmed local authorities and raised the specter of an emergency as migrant camps on Lampedusa had been shut down months ago. Some 300 Tunisians aboard at least seven boats arrived in the night to Saturday alone, with more boats sighted. EPA/FRANCESCO TERRACINA
Бегалци од Северна Африка на ЛампедузаФотографија: picture alliance/dpa

„За жал, Европската Унија претерува со бројот на лицата кои пристигнуваат во Европа, било преку море или преку копно. Мислам дека нивната бројка се движи околу 36 илјади лица, кои пристигнаа од Северна Африка кон Европа, од нив само 11 000 побараа азил.“ – вели претседателот на ПССЕ, Мевлут Чавушоглу. „Ако тие се споредат со 650 000 лица кои ни ги најавуваат посебно за соседните земји на Либија Египет и Тунис, мислам дека нивната бројка не е толку голема и ЕУ го преувеличува проблемот. “ – додава тој.

Истрага за смртта на азилантите во Медитеранот

ПССЕ одлучи да отвори истрага со цел да се утврди одговорноста за смртта на околу 1000 лица исчезнати во водите на Средоземното море од јануари 2011 година, во обид да пристигнат на европска територија од Северна Африка. Истрагата има за цел да провери дали и на кој начин бродовите кои ги пренесуваа бегалците биле пресртнати или не од различните воени или пограничните бродови на агенцијата ФРОНТЕКС која ги контролира надворешните граници на ЕУ. Откако на 8 мај британскиот весник „Гвардијан“ пишуваше дека 61 либиски бегалци загинаа бегајќи од Либија откако нивните повици за помош останаа без одговор од воените бродови кои маневрирале во Средоземното море.

Стразбур не ги заборава „азилантите“ од Балканот

Но, Стразбур говори и за проблемите со кои се соочуваат азилантите од Македонија и од Балканот, особено од Косово. Нивните барања, според Стразбур, мора да бидат соодветно третирани, а на тие што имаат сериозни причини за заштита треба да им биде овозможено да останат, истакна Томас Хамарберг, Комесарот за човекови права на Советот на Европа. Тој веќе на повеќе пати реагираше на протерувањето на лицата со потекло од Балканот од страна на некои западноевропски земји, што според него не е во целосна согласност со меѓународните стандарди на Советот на Европа.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Трајче Тосев