Активистка на Фемен со обид да го украде Исус
26 декември 2017Разголена жена во текот на вчерашниот ден (25.12.) скокна преку заштитната ограда и дотрча до божикната декорација на плоштадот свети Петар во Ватикан извикајќи „Бог е жена“. Истиот слоган беше напишан на нејзиниот гол грб. Таа притоа се обиде да ја украде статуата на бебето Исус. Ватиканската полиција ја спречи да го стори тоа и ја уапси. Полицијата поднесе обвинение за давање отпор и повреда на полицаец, навреда на религиозни симболи, обид за кражба и непристојно однесување во јавноста.
Инцидентот се случи два часа пред папата Франциско да го одржи традиционалниот божиќен говор пред околу 50.000 луѓе на плоштадот.
Фемен на својата интернет страница објави дека топлес-акцијата ја извела нивната активистка Алиса Виноградова, која беше наречена „секстремистка“.
Цел на групата, основана во Украина, е „конечна победа над патријархатот“, пишува на страницата.
Активистка на Фемен слична акција изведе на Божиќ 2014 година, но тогаш успеа да ја земе статуата на бебето Исус пред да ја уапси полицијата.