1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Актите на Штази остануваат отворени

А. Мајнц/Б.Георгиевски29 август 2014

Комисијата која ги контролира досиејата на Штази добива по околу 5 илјади барања месечно за увид во актите од страна на граѓаните. Луѓето сакаат да знаат дали тајната служба на поранешната ГДР ги следела.

https://p.dw.com/p/1CXx5
Фотографија: picture-alliance/ZB

Јануари 1990, во текот на слободарската револуција. Граѓаните на ГДР ја нападнаа централата на тајната служба. Штази почна со уништување на досиејата, а граѓанските активисти сакаа тоа да го спречат. 150 километри досиеја собраа властите во ГДР, а надлежните власти и денес добиваат по 5 илјади барања месечно за увид во актите.

Роланд Јан, раководител на одделот за актите на Штази, вели дека е важно доколку документите останат отворени за јавноста.

„Достапноста на досиејата е важна затоа што сѐ уште постојат луѓе кои доживеале искуства во диктатурата, но достапноста е важна и за да се објасни како функционира диктатурата, а тоа сакаат да го знаат и следните генерации. Затоа е важно, актите и натаму да бидат достапни“.

Erstürmung Stasi-Zentrale 1990
Упад на демонстранти во централата на Штази во 1990 годинаФотографија: picture alliance/AP Images

Работата на комисијата е сигурна до 2019 година. Експертска комисија на парламентот сега треба да одлучи, што ќе се прави потоа.

„Пристапот до досиејата на Штази и нивното натамошно отворање остануваат важен предуслов за истражување на диктатурата во ГДР. За тоа постои широк консензус меѓу политичките партии“, вели Марко Вандервиц, пратеник на ЦДУ.

За жртвите, како и за науката актите на Штази остануваа отворени и во иднина, и покрај тоа што минаа 25 години од крајот на ГДР.