1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амазон го купува Твич

ЕМФ/ард/дв26 август 2014

Амазон го купува видеопорталот Твич, кој е познат и како „Јутјуб за гејмерите“, односно играчите на компјутерски игри. На Твич играчите може да прикажуваат исечоци од текот на играта и да разменуваат информации.

https://p.dw.com/p/1D1Bm
Фотографија: picture alliance/ R. Goldmann

Амазон за Твич (Twitch.tv) ќе плати речиси една милијарда долари. Ова е еден од најголемите бизниси на интернет-трговскиот џин. Со месеци се шпекулираше дека за Твич е заинтересиран Гугл, но сепак на крајот Амазон успеа да се договори.

Твич е еден вид Јутјуб со видеа во живо специјално наменети за играчите на компјутерски игри. „Гејмерите“ може да се снимаат себеси и својот екран на компјутерот и видеото да го стават на мрежата. Твич стартуваше пред три години и минатиот месец, според наводи на Амазон, имал повеќе од 55 милиони посетители. Тие не само што гледаат видеа, туку и комуницираат меѓусебе, на пример, за особено добри стратегии во играта.

Големиот интерес за видеопорталот на Твич му носи се‘ повеќе пари од реклами. Гугл исто така му имаше „фрлено око“ на Твич и беше подготвен да плати милијарда долари, но, како што пишува магазинот „Форбс“, концернот стравувал од можни проблеми со чуварите на конкурентноста, поради тоа што веќе ја има моќната видеоплатформа Јутјуб.